Охриѓани се жалат на бавната администрација

M

Охриѓани велат дека се соочуваат со многу проблеми во секојдневното живеење. Се жалат дека многу тешко оди решавањето на истите, потребни се, велат, години за да некој проблем биде решен. Најголемиот број од нив се однесуваата на урбанизмот, комуналната сфера, даноци и процесот за легализација на бесправно изградени објекти, но и многу други прашања. Еден охриѓанец вели дека со години чека на измена на детален урбанистички план. Граѓаните деновиве имаа можност лично да му се пожалат и да побараат решение за проблемите и на градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.

Не можам никаде да завршам работа, имам дадено повеќе од 300 евра само за жалби и никој ништо не признава.
Анкетиран охриѓанец.

„Јас бев во Германија работев 40 години и повеќе и имаминвестирано 600.000 евра и повеќе во самопроизводство и имам вработено 13 луѓе. Ме оданочија за овошна градина 10.700 денари за која поседувам и имотни листови. Не го признава УЈП како овошна градина, туку како градежно земјиште. Не можам никаде да завршам работа, имам дадено повеќе од 300 евра само за жалби и никој ништо не признава“, вели еден охриѓанец.

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.

„Имам поднесено барање за измена на ДУП и ми беше кажано дека процедурата ќе биде завршена во рок од една година, но до ден денес тоа не е реализирано. Сакам да разговарам со него да ми кажи некоја временска рамка, да ми каже дали тоа ќе биде решено бидејки според законот деталните планови се менуваат на секои пет години, а мојот план е од пред 23 години и е неупотреблив и не одговара на новите планови“, вели друг охриѓанец.

Имам поднесено барање за измена на ДУП и ми беше кажано дека процедурата ќе биде завршена во рок од една година, но до ден денес тоа не е реализирано.
Анкетиран охриѓанец.

Граѓаните на Бакрачески му даваа и идеи за решавање или подобрување на условите за живот, како и предлози за подобрување и продолжување на туристичката сезона.

Градоначалникот Бакрачески вели дека праксата на средби со граѓаните ќе продолжи и во иднина.

„Решивме да организираме еден нов вид на комуникација со граѓаните на Охрид на отворено место за кое сметаме дека граѓаните на некој начин ќе бидат ослободени од формалнотите кои тие треба да ги приведуваат или од наша страна во мојот кабинет. На еден прелаксиран начин да ги изнесат своите проблеми и своите идеи околу начинот на решавање на голем број на проекти во Охрид и заеднички да најдеме решение кое ќе ги одразува нивните реални потреби“, рече Бакрачески.