МОН не ги есапи средношколците

За една недела завршува школската година за матурантите, а дел од средношколците се уште бојкотираат настава и кампуваат пред МОН. Министерствто и понатаму недостапно за учениците и наставниците.

Бојкотот на наставата и кампувањето на средношколците и натаму продолжува,а преговорите меѓи учениците и Министерството за образование сега се во несигурна ситуација. Учениците остануваат без пристап до надлежните од Министерството, а полагањето матура е за две недели. Еден од главните проблеми во преговорите со Министерството е екстерното тестирање.

Тешко е за сите, и за учениците и за нас наставниците. Најдобрите училишта се празни. Но мислам дека МОН ќе најде сили да разговара и да ги прифати барањата на учениците, барем за оваа година е решение тоа да се направи, за да остави простор понатаму да се разговара.
Илчо Ацевски, Наставнички пленум.

„Немаме никаква информација, никаква комуникација со Министерството за образование“, изјави Дејан Ставриќ од Средношколскиот пленум.

Средношколците нудеа експлицитни предлози како да се решат проблемите, а надлежните претходно понудија формирање на работни групи.

Учениците веќе еден месец не се на настава. До постигнување договор без пристап до МОН остана и наставничкиот пленум. Во меѓувреме, Илчо Ацевски од Наставничкиот пленум сепак прогнозира дека надлежните нема да дозволат учениците да бидат оштетени.

„Тешко е за сите, и за учениците и за нас наставниците. Најдобрите училишта се празни. Но мислам дека МОН ќе најде сили да разговара и да ги прифати барањата на учениците, барем за оваа година е решение тоа да се направи, за да остави простор понатаму да се разговара“, вели Илчо Ацевски од Наставничкиот пленум.

Сигурно немаше да биде вака, меѓутоа МОН не сака да разговара очигледно ниту со нас кои знаеме како треба да има реформи што треба да има. А не сака да разговара и со учениците.
Горица Илиоска, професор во средно училиште.

Предлогот на учениците е екстерното тестирање да се користи само за детектирање на недостатоците во образовниот процес. Во однос на државната матура, за средношколците не е прифатливо да имаат задолжителен предмет како математика и електронски да се полагаат седум пати.

Владо Димовски од Наставничкиот пленум нагласи дека нема услови за полагање екстерно тестирање. Ако МОН инсистира да го спроведе тоа ќе биде нерелевантен тест, вели тој

„Од проста причина што скоро месец дена не се посетува настава, а материјалот не е предаден на учениците и врз основа на кој материјал би се правело екстерното тестирање“, вели Димовски.

Горица Илиоска, професор во средно училиште нагласи дека проблемите кои кулминираа на крајот од школската година биле очекувани, со оглед на тоа што наставниците и стручната јавност претходно не беа вклучени во реформите.

„Сигурно немаше да биде вака, меѓутоа МОН не сака да разговара очигледно ниту со нас кои знаеме како треба да има реформи што треба да има. А не сака да разговара и со учениците. Учениците се во право - Не може да бидат екстерно оценување на овај начин како што се планира, ниту може со нивното екстерно тестирање да се оценуваат наставниците“, вели професор Горица Илиоска.

Матурата се полага од 1 до 10 јуни, а за матурантите школската година завршува на 20 мај.