Достапни линкови

Средношколците го ресетираат бојкотот на наставата


Средношколскиот пленум соопшти дека еден ден ќе се вратат на настава и потоа продолжуваат со бојкотот. Повикуваат на поголема масовност за надлежните да ги сфатат посериозно.

Непоколебливи во продолжување на нивната битка за поквалитетно образование, Средношколскиот пленум ги повикува граѓаните да им се придружат на протестите што ги одржуваат секојдневно. И покрај напорите на средношколците да се спротивстават на лошите реформи од пред шаторите спроти МОН, тенденцијата на нивно игнорирање продолжува и затоа средношколците исто така објавија дека бараат в понеделник министерот и неговиот заменик да дојдат во нивниот камп и да разговараат.

Овде сме на Средношколскиот фронт и на сонце и на дожд, остануваме цврсто на нашата цел, а тоа е подобро образование за сите во Република Македонија. Затоа повикувам, сите средношколци, родители и сите загрижени граѓани да покажеме масовност за тие да видат дека ние не сме се откажале од нашата цел.
Александар Милевски, Средношколски пленум.

„Овде сме на Средношколскиот фронт и на сонце и на дожд, остануваме цврсто на нашата цел, а тоа е подобро образование за сите во Република Македонија. Затоа повикувам, сите средношколци, родители и сите загрижени граѓани да покажеме масовност за тие да видат дека ние не сме се откажале од нашата цел“, вели Александар Милевски.

Како и да е, бојкотот на наставата влегува во 25 ден и затоа средношколците ќе го рестартираат бојкотот.

ние предлагаме овие досегашни средби да се прогласат за неуспешни пилот-преговори со Средношколскиот пленум, а на поканата на децата да се одозват и в понеделник навистина да дојдат тука и навистина јавно да се води таа дебата за квалитетно образование.
Марија Шоптрајкова, родител.

„Одиме со ресетирање на бојкотот, односно враќање на училиште еден ден, а потоа повторно почнуваме со бојкот на настава“, вели тој.

Според законот, казниво е доколку ученик на настава не дојде 25 дена, но тој член се однесува на неоправдано отсуство, а во овој случај воопшто не може да се смета дека битката против лошите реформи е отсуство, укажуваат од Родителскиот пленум. Во повикот за средба со министерот Адеми, на средношколците им се придружува и Родителскиот пленум, оценувајќи дека досегашните средби со претставници од Министерството за образование не може да се наречат преговори.

„Затоа ние предлагаме овие досегашни средби да се прогласат за неуспешни пилот-преговори со Средношколскиот пленум, а на поканата на децата да се одозват и в понеделник навистина да дојдат тука и навистина јавно да се води таа дебата за квалитетно образование“, изјави Марија Шоптрајкова.

Аргументите околу кои преговараат се матурскиот испит и екстерното тестирање.

Оваа влада активно подржува политики за иновативност, но преку образованието сака децата да ги смести во тесно калапче и тие нема да бидат способни да ги спроведуваат тие политики, укажува Шоптрајкова.

„Навистина нема да доведе до луѓе коишто ќе бидат способни да ја носат оваа политика на иновативност или уште полошо, ќе ги наведе децата да си одат од земјава, да одат во земји каде што ќе бидат почитувани и како граѓани, како чинители на политиките што се однесуваат на нив, а и во земји каде што нивната креативност ќе може да дојде до израз“, вели таа.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG