Оставки за цела Влада и премиерот Никола Груевски и правна одговорност на функционерите за криминалот, корупцијата и неправдата, побараа неколку илјади демонстранти попладнево на протест за мир и правда пред Владата во Скопје.
Целата за кои почнаа протестите беше колективна оставка и колективна одговорност на владата за промена на начинот и менталитетот на кои се води државата во последните години.Учесник во протестот.
На голем транспарент тие напишаа „Збогум Никола“, а останатите пораки беа од типот „Македонија се сака со оставки“, „Доле влада, горе народ“, „Цела Влада во затвор“, „Притвор за криминалци, не за студенти.“
Демонстрантите рекоа дека оставките поднесени од страна на двајцата министри и на директорот на УБК Сашо Мијалков, покажале оти донело резултат автентичното изразување на револтот на граѓаните, кое трае од 5-мај. Но, тие му порачаа на премеиерот, како што рекоа, „да не се залажува“ дека со трите оставки тие ќе останат дома.
„Оставка, не само на индивидуалци, туку и на цела Влада на чело со премиерот Груевски. Но, не само оставка, туку и правна одговорност за сиот криминал, целата корупција, целата неправда, за сиромаштијата, за кршењето на Уставот... Второ исто толку важно е итното ослободување на нашите соборци коишто беа уапсени во настаните на 5-ти мај и деновите потоа. Трето, ние сме за преодна Влада која ќе има задача да ги чисти институциите и да го демократизира системот.“
„Целата за кои почнаа протестите беше колективна оставка и колективна одговорност на владата за промена на начинот и менталитетот на кои се води државата во последните години. Цениме дека таа цел се уште не е исполнета и затоа ги повикуваме граѓаните секој ден во 18 часот да се собираат на протести се до исполнување на таа декларирана цел“, велат активисти учесници во протестот.
Демонстраните од пред Владата се упатија кон Основниот суд Скопје 1 за да укажат да бидат ослободеним како што рекоа, нивните колеги студенти. Од таму маршот продолжи пред Собраните на Македонија каде беа одржани неколку говори.
Инаку Собранието на предлог на премиерот денеска ги изгласа Митко Чавков и Владо Мислајловски за нови министри за внатрешни работи и за транспорт и врски, откако Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески поднесоа оставки. Премиерот Груевски изјави дека оставките на министрите, како и на директорот на УБК, Сашо Мијалков ги прифатил за да се расчисти политичката криза по објавените прислушувани разговори од опозицијата.