Кумановци загрижени за економијата, во политиката сè им е видено

Куманово.

И за возрасните и за младите, без оглед на етничката припадност, приоритет е егзистенцијата.

Актуелната политичка состојба е проекција на колабираната економија, велат запрашаните кумановци. И за возрасните и за младите, без оглед на етничката припадност, приоритет е егзистенцијата. Возрасните крпат крај со крај, а младите бараат начини како да заминат. Гастербајтерите, пак, кои на одредено време дошле во родната земја, посакуваат таа да се стреми кон некоја од високо развиените.

Нема работа за младите. Сите би сакале да избегаат. Јас студирам и работам. Многу е тешко. Младите можат да се активираат и можеби ќе се смени нешто. Вака не е добро.
Анкетиран граѓанин.

Некои од запрашаните кумановци се индиферентни кон сè. Некои не сакаат да се мешаат во политиката, ништо не ги изненадува, а има и такви кои го обвинуваат хаосот во медиумите.

„Нема работа за младите. Сите би сакале да избегаат. Јас студирам и работам. Многу е тешко. Младите можат да се активираат и можеби ќе се смени нешто. Вака не е добро.“

Политичката состојба има свои корени од минатото и се движи чекор по чекор. Се случуваат некои непредвидени работи. Никој не очекуваше случувања на СДСМ со бомбите, потоа она што се случи со Гошинце.
Анкетиран граѓанин.

„Не е добра состојбата. Да ти кажам право, немаме работа. Со една пензија од сто и педесет евра живееме шест члена. Три деца имам ниту едно не работи.“

„Политичката состојба има свои корени од минатото и се движи чекор по чекор. Се случуваат некои непредвидени работи. Никој не очекуваше случувања на СДСМ со бомбите, потоа она што се случи со Гошинце“, велат анкетираните граѓани.

РСЕ: Мислите ли дека Македонија може наскоро да излезе од оваа криза?

„Може. Со заеднички сили и со седнување на маса. Така ќе може.“

Некои не се чувствуваат безбедни, оти како што велат, немаат доверба во никого и во ништо.

„Страшно. Нема кој да те брани веќе. Не верувам ниту во полицијата, ниту во војската, зашто сè е партизирано. И од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ останав и без работа, без пари и без леб. Ми се чини најголеми лаги се меѓу новинарите. Се води некаква медиумска војна. Слика на едно општество се медиумите. Но, добро, ќе туркаме некако. Можеби ќе се оправиме наредните сто години, ама од 2000-та сметам, пред тоа не“, вели еден граѓанин.

Кумановецот Зоран Спасовски три децении живее во Швајцарија. Разликата помеѓу животот таму и овде е, како што вели, како небо и земја. Тој смета дека сепак многу работи во Македонија можат да се сменат на подобро.

„Тоа зависи од „големите“. Сè што се работи, се работи од нив. Тие што завршиле школо, тие треба да преземат за да се сменат некои работи. Народот не може сам, тој нив ќе ги слуша. Може и народот, но тоа нема да биде добро. Ако „големите“ ги спроведуваат законите, ќе биде добро, ама тие не ги спроведуваат. Народот е немоќен“, вели тој.

Овој кумановец во државава се чувствува безбеден, но запрашаните велат дека иако состојбата е лоша, веруваат дека има излез.