СДСМ - Гoлемото уво е во УБК

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Заев - Ова го надмина и американскиот Вотергејт

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, рече дека има докази оти зад прислушувањето, стоеле Никола Груевски и Сашо Мијaлков. Заев најави дека подготвуваат протест за идниот месец, како и тоа дека не е против руски гас.

Список со телефонски броеви и адреси на политичари, новинари и други јавни личности, транскрипти од разговори на министри од албанскиот политички блок и разговори и СМС пораки на новинари беа презентирани на денешната прес конференција на СДСМ. Претседателот на партијата Зоран Заев, рече дека со ова се докажувало дека зад прислушувањето, кое го нарече гиганстко, стоеле Никола Груевски и Сашо Мијaлков.

Сето ова докажува дека ниту имало странски служби, ниту тактички опреми, ниту жолти комбиња што прислушувале. Исто така ова докажува дека ниту Заев, ниту Верушевски можел да влезе во системот и во толкав обем да прави прислушување на граѓани на Република Македонија.
Зоран Заев, СДСМ.

„Сето ова докажува дека ниту имало странски служби, ниту тактички опреми, ниту жолти комбиња што прислушувале. Исто така ова докажува дека ниту Заев, ниту Верушевски можел да влезе во системот и во толкав обем да прави прислушување на граѓани на Република Македонија. Ова е возможно само од страна на државните институции, со опремата што само државата ја поседува и конектирано со телефонските оператори“, рече Заев.

Од тринаесетте телефонски разговори кои денеска беа пуштени, а кои претходно како доказен материјал ги доставиле до Јавното обвинителство, Заев нагласи дека се слушало како министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, директорот на УБК Сашо Мијалков и претседателот на собранието Трајко Вељаноски, се договарале во законот кој тогаш се подготвувал да не се дозволи претставници на собраниската комисија да доаѓаат во УБК ненајавено.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Гордана Јанкулоска и Иво Котевски

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Гордана Јанкулоска и Љупчо Тодоровски - Радникот

Во еден од телефонските разговори, за кои се тврди дека бил меѓу Јанкулоска и директорот за јавна безбедност Митко Чавков, двајцата исто така разговараат за Законот за следење на комуникации и надзорот на комисијата која ја водат опозициските пратеници.

Гневот расте. Гневот ќе се истури по улиците во главниот град. Но тоа нема да биде обичен протест, да дојдеме, да си го кажеме своето и да си одиме. Овојпат нема да си одиме додека оваа власт не си замине. Датумот ќе го определиме заедно со граѓаните, надвор од политиката.
Зоран Заев, СДСМ.

„Машки глас : Така, Комисијата ја водат они.

Женски глас: Да де, ама тоа е тоа. Но ова значи дека они ќе донесат одлука и ќе го известат или министерот или директорот, сега, кого и да го известат. Па ние им кажуваме дојдете тој и тој ден, тогаш.

Машки глас: Така.

Женски глас: И нормално, они се мнозинство, ќе дојдат, ќе речат: Ааа, се прислушкува цела држава. Ние ќе речеме не се прислушкува. И толку.
Машки глас: Така. Мислам дека може
.

Женски глас: И толку ќе биде.“

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Гордана Јанкулоска и Митко Чавков

Во друг телефонски разговор, пак, за кој се посочува дека бил меѓу Вељаноски и Јанкулоска, се разговарало за тоа да не им се прифаќа ништо на опозиционерите од предлозите за законот.

„Женски глас: Епа тоа, тоа им објаснувам, вика, знаеш сеа нормално они сакаат да си се покомотни у УБК...

Машки глас: Е сеа сакаат, и ја сакам...

Женски глас: И јас сакам да се покомотни оти јас сум министер, по мене стапот ќе биде...

Машки глас: И ја сакам овдека демократија да има со 123 пратеници од ВМРО.

Женски глас: Така? хахахаха.

Машки глас: И да да да да не се...

Женски глас: Не... да се најдеме ако може.

Машки глас: Ај ќе зборам со Оливер па ќе видам.“

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Гордана Јанкулоска и Трајко Вељаноски

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Гордана Јанкулоска и Трајко Вељаноски 1

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Гордана Јанкулоска и Трајко Вељаноски 2

Во еден од телефонските разговори за кои Заев рече дека е меѓу Јанкулоска и Мијалков, министерката споменува убиство за кое претседателот на партијата во одговор на новинарски прашања додаде дека се работело за случајот Монструм, а дека разговорот се одвивал непосредно пред апсењето на осомничените. Повторно нагласи дека имаат материјали за тој случај, загинувањето на Никола Младенов и името кои ќе ги објавеле. Најави и дека подготвуваат протест за идниот месец.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков 1

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков 2

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков 3

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков 4

„Гневот расте. Гневот ќе се истури по улиците во главниот град. Но тоа нема да биде обичен протест, да дојдеме, да си го кажеме своето и да си одиме. Овојпат нема да си одиме додека оваа власт не си замине. Датумот ќе го определиме заедно со граѓаните, надвор од политиката“, рече Заев, кој на новинарско прашање нагласи и дека не е против руски гас, туку бара земјата да се приклучи на Транс-атлантскиот гасовод, за како што вели, да имаме алтернатива, а не да зависиме само од еден извор.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Емил Стојменов и Сашо Мијалков

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Гордана Јанкулоска и Никола Попоски