Достапни линкови

Заев достави докази за Пуч и Поткуп


Заев ги достави доказите за Пуч
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:48 0:00

Заев ги достави доказите за Пуч

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денескa до Јавното обвинителство достави докази кои содржат повеќе од 100 илјади разговори преточени во транскрипти од кои, како што вели Заев, се гледа кој прислушувал во Македонија и дека случаите Пуч и Поткуп се конструирани.

Нема докази за извршено насилство од наша страна кон претставниците на највисоките државни органи во конкретниот случај кон Премиерот Никола Груевска, ниту, пак, има шпиунажа, туку напротив има насилство врз Уставниот поредок на Македонија од премиерот Никола Груевски, директорот на ДБК Мијалков и неколку луѓе околку нив, изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Тој ова го кажа пред зградата на Јавното обвинителство каде ги достави доказите од преку 100 илајди разговори,18 илајди смс пораки и повеќе од 12 илјади различни телефонски броеви во транскрипти. Заев побара Јавниот Обвинител штом ќе ги разгледа доказите, веднаш да ја запаре постапката за Пуч и да го прекине кривичниот прогон од Груевски и неговите соработници.Тој посочи дека матријални докази има и за конкретните оператори кои се врботени и го воделе стистемот на прислушување, телефонските броеви кои се таргети во системот на прислушување, псевдоними на сопственици и корисници на телефонските броеви и слично. Истовремно достаевени се и материјални докази од фазата на системот на контрола на комуникациите,сопственост на МВР, кој се вика репродукција, и тие се однесуваат на содржината на телефонските разговори. Тие се телефонски разговори во транскрипција од опозиционери, новинари. невладини организации, интелектуалаци, односно критички настроени граѓани кон власта.

До Јавното обвинителство иста така доствени се 385 аудио разговори кои досега опозицијата ги објави на своите прес-конференции и уште 13 аудио разговори кои досега не се објавени.

Заев рече дека во овој момент до Јавното обвинителство се даваат дел од доказите за масовната операција за нелегално прислушуавње, дека останатите материјали и докази ќе бидат доставени во соодветната фаза на правната постапка, но дека конечно сите докази кои, како што рече, се во сопственост на Македонија, а се во рацете на опозицијата, ќе бидат доставени до соодветните државни органи штом се исполнат условите извршната власт да биде разделена од правосудната власт.

Од доказите што ги доставуваме за случајот Поткуп се потврдува дека нема поткуп и исплата на какви било паричини сретства туку има местење поткуп и тоа е пријавено пред надлежните општински и правосудни орагни, преку поднесување кривична пријава од СДСМ, рече Заев.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG