Афера со фирмата „Визарис“ на Ивона Талевска, вредна милион евра, политички договори за ослободување на осудените во судскиот процес, „Сопот“, судските пресуди кои се носат само со консултација на премиерот Никола Груевски, сокривање на скандалот околу синот на претседателот на собранието Трајко Вељаноски, може да се слушнат од разговорите што денеска ги објави СДСМ во Велес.
Во еден од објавените прислушувани разговори за кој претседателот на општинската организација на СДСМ Панче Иванов вели дека е воден меѓу уредниците во Сител Драган Палвловиќ Латас и Ивона Талевска, се слуша разговор околу тендерските постапки со компанијата „Визарис“ и за милионската сума која, како што вели Иванов, Талевска очекувала да легне на сметката на компанијата во која само таа има удел. Во аудио снимките се слуша, како што тврди СДСМ, компанијата на Талевска да може да продолжи да функционира со сметка вредна милион и 300 илјади евра.
„Женски глас: И третото решение што мислев да му го понудам, не мислев да му го понудам него јас рачунам колку пари имам на сметка, 2013-та без екстра приходи само од плата можам да ја преживеам, во 2013-та на крај милион и 300 ќе легнат на моја сметка на Визарис, а таму сум јас сама…
Машки глас: После е лесно…
Женски глас: Не после они ќе дојдат да ме молат за да ги платат, за да ги платат парите…за јас им ги платам парите.
Во крајна линија, значи во крајна линија, сега збориме не се согласуваат со ништо и се ме одјебуваат така, значи јас имам доволно пари за да живеам не ми требаат, луксузи нема да купуем стан, нема да се задужуем…2013 ќе ја одлежам у зима како мечка у пештера и ќе ќутам…
Машки глас: Абе не е тоа мечка у пештера, со 1.500 евра се живее и тоа квалитетно…
Женски глас: Не, не сакам да ти кажам, еве нема да купуем стан, ме разбираш, ќе ја продадам ланчата и готово..
Машки глас: Ќе купиш помал…
Женски глас: Не не не нема да се луксузирам, нишо нема да праам 2013-та… да не предизвикуем понатамошни потреси, ме разбираш како, значи едно чим се раздрма ти мораш да се стабилизираш… значи 2013-та не праиме ништо, ќе седам баш буквално како мечка у пештера. На крај на 2013-та ако го добијам тендерот со Визарис милион и 300 треба да легнат на сметка на Визарис, е тогаш друг муабет ќе праиме со Петровиќ.“
Машки глас: Држи тоа…“
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Во продолжение на разговорите кои што ги објави опозицијата, како што тврди СДСМ, се водени со министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и директорот на Управата за контраразузнавање Сашо Мијалков е слуша како се разговара за договарање на пресуда за судскиот процес „Сопот“. Станува збор за политички договарања по ургенции од, како што тврди СДСМ, тогашниот министер за правда Блерим Беџети за ослободување на затворениците.
„Женски глас: Е па он со неговата мака. Ти нешто за „Сопот“ мислам малку...другиве работи, ако е нешто поитно со датум врзано, кажи му за ова чекај малку, да се потсетам, што беше-како беше, купи му време, што да кажам.
Машки глас: Не бе, ја му купувам више недела дена. И вчера требаше да се видиме, а денеска еве па ме бара.
Женски глас: Сабајле бевме со него заедно за ова, за дрога палење во Југохром...
Машки глас: Аха.
Женски глас: Па не ми спомна ништо мене. Мислам се видовме, еден до друг стоевме. Ништо не ми спомна.
Машки глас: Да. Еве го ме бара сега.
Женски глас: Но дефинитивно нешто конкретно им немаме ние ветено.
Машки глас: Знаеш што мислам ја да му речам? Ја мислам да му речам, да се оди сега со пресуда, а веднаш после тоа да добијат помилување, пошто одлежале.
Женски глас: Тука е вака најопортуно. Ем они надвор...
Машки глас: Најопортуно е и
Женски глас: Да.
Машки глас: Ни по баби, ни по стричева.
Женски глас: И за системот.
Машки глас: Ама они нема да го сакаат тоа.
Женски глас: Не, они сакаат...нив им е...
Машки глас: Политичко поентирање.“
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Во снимките исто така се споменува за случајот кога синот на Претседателот на собранието Трајко Вељаноски беше фатен со кокаин на грчко-македонска граница и уапсен од грчката полиција. Во разговорот, како што тврди Иванов, кој е воден меѓу премиерот Груевски и министерката, Јанулоска му кажува на Груевски дека синот на Вељаноски е проблематичен, но дека не треба да заврши во затвор. Според СДСМ, таа вели дека не се работи за толку мало киличество, дека грчката царина му ја нашла, но му кажува на Груевски дека треба да биде ослободен, зошто сепак станува збор за син на претседател на собрание.
„Машки глас: Они, они знаат ли чиј син е?
Женски глас: Молам?
Машки глас: Они знаат ли чиј син е? Сигурно ќе дознаат.
Женски глас: Ќе дознаат. Мислам они може да и да не знаат сега, а јас мислам ќе се дознае. Работава е...сега е борбата пошто е мала количина, на пример и кај нас некој да го фатат со грам, два, нели тоа што се вика за лична употреба, наркоманов не одговара, одговараат дилериве. И во принцип тоа поседување на дрога е прекршок, продавање е кривично дело. Е сега он е странски државјанин, некако ако може да го спасат по тој основ, оти ако влезе во грчки затвор, тоа ќе биде циркус.
Машки глас: Види, ако дознаат чиј син е, ќе влезе.
Женски глас: Е па тоа е, мислам и јас прво што помислив е тоа. И мислам и помалку дрога да е, вака реално од работава ќе поднаучиш нешто, два грама не е толку малку дрога. Оти тие 1-2 дози се пола грам, четврт грам, нели ги делат таму овие што користат. Значи два грама он може толку троши, ама не е баш она ептен да речеш, како за...само за него да земе.
Машки глас: Не знам дали да му се јавуваме, малку незгодно, а?“
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Вашиот пребарувач не подржува HTML5