Лицата со интелектуална попреченост со над 18 годишна возраст во Дневниот центар „Порака наша“ во Куманово во иднина ќе применуваат и нови искуства пренесени од сличен таков центар во Англија.
Светлана Милеска Димитриевска социјален работник и Дејан Стојановски воспитувач во Центарот по неколкудневен престој во Англија велат дека за овие корисници би било полезно и нешто ново.
Прекрасни впечатоци добивме таму, начинот на работа ни беше презентиран, нашите домаќини беа многу отворени за соработка, ни ги пренесоа сите нивни искуства. Многу слична работа, сличен центар, иста категорија корисници, но многу повисоко ниво на развиеност во однос на нас.Светлана Смилеска Димитриевска, социјален работник.
„Посетата беше од 1-8 март, во центарот „Џејни Рут воркшоп“ во градот Рипон, во областа Јоркшир, во Англија. Прекрасни впечатоци добивме таму, начинот на работа ни беше презентиран, нашите домаќини беа многу отворени за соработка, ни ги пренесоа сите нивни искуства. Многу слична работа, сличен центар, иста категорија корисници, но многу повисоко ниво на развиеност во однос на нас“, вели Смилеска Димитриевска.
Стојановски додава дека по изминатите осум години тие сфатиле дека програмата за оспособување за самостојно живеење и со поддршка на корисниците, треба да се проширува.
„Во центарот во Рипон главна цел е стекнување работни вештини кај работниците. Тие не ги именуваат корисници, туку работници, бидејќи тие таму работат. Иако не земаат плата, зашто средствата од продажба на производите одат за потребите на центарот, за набавка на репроматеријали, материјали за работа и за отворање нови работни места.“
Тие не ги именуваат корисници, туку работници, бидејќи тие таму работат. Иако не земаат плата, зашто средствата од продажба на производите одат за потребите на центарот, за набавка на репроматеријали, материјали за работа и за отворање нови работни места.Дејан Стојановски воспитувач во Центарот „Порака наша„.
И Центарот „Порака наша“ речиси постојано има волонтери, но според Стојановски и во таа насока можеле да научат нешто. Заедничко за кумановските и англиските вработени е трпението,разбирањето и љубовта за работа со оваа категорија лица.
„Во Англија работниците или со наш речник корисниците се вклучени во целиот процес на производство, од примање нарачки, дизајнирање, производство до продажба.“
„Главна цел е да се развијат работни вештини кај корисниците. Дали денеска ќе се произведе едно или пет парчиња од дрво или од некој друг материјал за продажба не е битно,битно е да се развијат работни вештини. Затоа и таму и кај нас центрите не можат да се финансираат од продажбата. Нагласувам дека е најважно корисникот максимално да биде вклучен во процесот на производството“, вели Милеска Димитриевска.
Според неа, сличноста на англискиот и кумановскиот центар е и во начинот на финансирање. Додека тамошниот е 70 насто од државата, 20 насто од продажбата на производи и десет насто од донации, кумановскиот поголем дел го финансира локалната самоуправа, мал дел државата и дел локалните стопанственици.
„Така да,овие 20 насто што тие ги добиваат од продажба, доколку ние би можеле да ги постигнеме, многу би ни значеле за одржување на нашиот Дневен центар и зголемувањето на нашиот буџет.“
Освен транспарентноста на вработените во „Џени Рут“ за производствениот процес на нивните работници, Стојановски и Димитриевска се запознале и со начинот на водење документација. Позитивно е и тоа што соработката ќе продолжи.
„Идната соработка би била во пренесување вештини. Ние сме во фаза на изработка проект со нашиот волонтер од Американскиот мировен корпус,при што,ако го добиеме, или изнајдеме некои други извори, би доградиле работни простории. Дел од машините би биле донација од „Џени Рут“, за останатото и ние би се снашле. Тие се подготвени да испратат персонал заедно со работниците, да дојдат и да пренесат од нивните знаења.“
И во постоечкиот простор, „Порака наша“ бара донатори за машини со кои би започнале некое ситно производство. Доколку успеат работно да ги оспособат корисниците,а и доколку просторот се прошири, ќе има можности и за нови вработувања или корисници.