Пет постојани претставници на земји во ОБСЕ денеска во Скопје од претставници на владиниот врв, политичките партии и невладините организации, се обидуваат да ги слушнат различните перспективи за тоа како Македонија може да се движи напред според принципите на ОБСЕ и евроатланските вредности.
Во соопштението беше наведено дека тие пристигнуваат во Македонија и дека САД и многу други во меѓународната заедница се загрижени за политичката криза во земјава. Покрај тоа што од своите домаќини сакале да слушнат за перспективите како земјава може да се движи напред, во соопштението пишува и дека ќе зборувале за начинот за поддршката за преземање позитивни чекори.
Амбасадорите на Соединетите Американски Држави, Европската унија, Велика Британија, Турција и Данска, пристигнаа во земјава по иницијатива на американскиот амбасадор во ОБСЕ Дениел Баер кој вчера и официјално ја најави посетата на интернет страницата на мисијата на САД во меѓународната организација. Во соопштението беше наведено дека тие пристигнуваат во Македонија и дека САД и многу други во меѓународната заедница се загрижени за политичката криза во земјава. Покрај тоа што од своите домаќини сакале да слушнат за перспективите како земјава може да се движи напред, во соопштението пишува и дека ќе зборувале за начинот за поддршката за преземање позитивни чекори.
Според аналитичарот Ајалдин Демири меѓународната заедница веќе увидела дека разговорите меѓу претставниците на ВМРО -ДПМНЕ и на СДСМ во Брисел, чија втора рунда заврши неделава, нема да дадат никаков резултат, па заради тоа САД и ОБСЕ решиле да се вклучат во обидите за наоѓање излез од кризата.
Иако нејзините позиции се на многу пониско ниво од овој притисок што се врши од Европската унија и од САД, меѓутоа најверојатно во договор со нив сакаат да ја вратат таа улога, сакаат да ја вратат позицијата на ОБСЕ со оглед дека кризата е се посериозна.Алајдин Демири, политички аналитичар.
„Иако нејзините позиции се на многу пониско ниво од овој притисок што се врши од Европската унија и од САД, меѓутоа најверојатно во договор со нив сакаат да ја вратат таа улога, сакаат да ја вратат позицијата на ОБСЕ со оглед дека кризата е се посериозна“, вели Демири.
Инаку уште пред еден месец американскиот амбасадор Баер преку соопштение изрази загриженост за состојбите во земјава по избивањето на аферите „Пуч“ и „Прислушување“. Тој нагласи дека САД продолжуваат со големо внимание и загриженост да го следат развојот на настаните во Македонија и ги повикуваат властите да искажат посветеност на владеењето на законот, почит кон слободата на изразување и интегритетот на демократските процеси во Македонија. И тогаш Баер ги повика политичките лидери да побараат совет и помош од ОБСЕ за исцртување на планот кон напредокот.
Денешната посета сепак има некаков не докрај јавен пристап. Претпладнево ниту од МНР, ниту од Владата со чии први луѓе според информациите амбасадорите разговарале не ги најавија средбите за медиумите. Од она што се дознава покрај со владините претставници, петмината ќе се сретнат и со лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети.