Достапни линкови

Засилен меѓународен ангажман за надминување на кризата


Архивска фотографија.
Архивска фотографија.

Претставници на власта и опозицијата разговараат во Брисел, а високи меѓународни дипломати ја посетуваат земјата.

Додека претставниците на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Брисел со европската тројка разговараат за решавање на кризата, нивните лидери во Скопје ќе треба да дочекаат високи дипломати. Според најавите, во земјава утре пристигнува помошникот на државниот секретар задолжен за Европа и Евроазија во Стејт департментот, Хојт Брајан Ји. Тој ќе се сретне со премиерот Никола Груевски, со министерот за надворешни работи Никола Попоски и, според досегашните информации, со лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Последните постапки и информациите што ги добиваат странците дека овие се докрај бескрупулозни во играта, така што може да инсталираат и групи криминалци коишто би предизвикале национална дестабилизација и затоа сега се брза меѓународната заедница, посебно Американците, и ние очекуваме во наредните недели да зајакне тој притисок, дури и од повисоко ниво за да се реши таа ситуација.
Мерсел Биљали, универзитетски професор.

В петок, пак, со македонските политичари ќе се сретнат и според информации од македонското МНР пет амбасадори на влијателни земји во постојаното собрание на ОБСЕ, меѓу кои е и американскиот амбасадор Даниел Баер. Според досегашните информации, тие не доаѓаат во Скопје во организацијата на локалната мисија на ОБСЕ. Токму Баер, пак, пред околу еден месец во име на мисијата на САД во организацијата испрати соопштение во кое изрази загриженост за политичките тензии во земјата. Тој ги повика властите да искажат посветеност на владеењето на законот, почит кон слободата на изразување и интегритетот на демократските процеси во Македонија.

Најавената посета на американските политичари и други дипломати, според професор Мерсел Биљали, е сигнал дека Вашингтон се загрижил за состојбите во Македонија, пред сè поради најавите за дестабилизација на која како што тврди биле подготвени структурите околу власта.

Во секој случај сметам дека како олеснувачи факторите од меѓународната заедница можат до некаде да помогнат. Не верувам дека вршат некаков притисок, тоа се виде и од првиот состанок во Брисел, не верувам дека можат да изнајдат решенија, меѓутоа во секој случај можат да го олеснат дијалогот што мораме сами да го водиме.
Димитар Мирчев, универзитетски професор.

„Последните постапки и информациите што ги добиваат странците дека овие се докрај бескрупулозни во играта, така што може да инсталираат и групи криминалци коишто би предизвикале национална дестабилизација и затоа сега се брза меѓународната заедница, посебно Американците, и ние очекуваме во наредните недели да зајакне тој притисок, дури и од повисоко ниво за да се реши таа ситуација“, вели Биљали.

Според професор Димитар Мирчев, на најавената посета на високите политичари сепак не може да се гледа како сигнал за поголемо нивно инволвирање за решавање на кризата во Македонија, оти, како што вели, можеби е коинциденција.

„Во секој случај сметам дека како олеснувачи факторите од меѓународната заедница можат до некаде да помогнат. Не верувам дека вршат некаков притисок, тоа се виде и од првиот состанок во Брисел, не верувам дека можат да изнајдат решенија, меѓутоа во секој случај можат да го олеснат дијалогот што мораме сами да го водиме“, вели Мирчев.

Тој очекува бриселската тројка и другите високи дипломатите кои ќе дојдат во Скопје ќе инсистираат на функционирање на системот и институциите, а дијалогот да се води во Собранието.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG