Достапни линкови

Бомба на Заев - Вработувања само преку партиско списоче


Заев - Нема државен систем, само партиски
please wait

No media source currently available

0:00 0:06:39 0:00

Заев- Нема државен систем, само партиски

Вработувања во МВР, во УЈП, во Воена болница, на факултети... Избор на судии, обвинители, членови на комисии и други извршни тела, само ако си на партиско списоци и со амин на Груевски и неколкумина соработници, рече лидерот на СДСМ.

Дваесетина телефонски разговори кои, како што рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев се доказ за партиските вработување во државните институции беа пуштени на денешната прес-конференција. Во најголем дел од нив, како што рече Заев, се слуша гласот на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која ја нарече кадровик и прв извршител на премиерот Никола Груевски.

Нема државен систем, сè е партија. Груевски и тие неколкумина соработници околу него урнисале сè! Со партиски кадри исклучиво под контрола и по одобрение на Никола Груевски ги преполниле полицијата, судството, здравството, образованието, додека професионалци и луѓе кои не мислат како власта, биле исфрлени на улица.
Зоран Заев, СДСМ.

​„Нема државен систем, сè е партија. Груевски и тие неколкумина соработници околу него урнисале сè! Со партиски кадри исклучиво под контрола и по одобрение на Никола Груевски ги преполниле полицијата, судството, здравството, образованието, додека професионалци и луѓе кои не мислат како власта, биле исфрлени на улица”, рече Заев.

Тој додаде дека од телефонските разговори, за кои тврди, дека се меѓу Јанкулоска, шефот на УБК Сашо Мијалков и вработена во МВР, се слушало како од Управата биле тргнати сите кои поради некоја причина покажале незадоволство и решиле да тужат, како и оние за кои сметале дека се од опозицијата.

„Женски глас: Треба да видиме по мене уште некој комуњар да не имаме така непрераспореден, да не ги заборавиме сега му е мајката...и на Љупчо му реков и од кај него да ми пратат предлози...

Машки глас: Треба се да се исчисти.

Женски глас: Епа сега му е мајката да ги исчистиме.

Машки глас: Да.

Женски глас: И ако има галама на почеток на мандат е ќе стегнеме заби ќе истрпиме и после 4 години на раат сме...

Машки глас: Да. “

please wait

No media source currently available

0:00 0:00:31 0:00
Директен линк
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:28 0:00
Директен линк

Во друг разговор, пак, за кој се тврди, дека е меѓу Јанкулоска и шефот на кабинетот на Груевски се слуша, додава Заев, како партискиот возач на Протуѓер требало да се води вработен, ама да не оди на работа и да брка партиски работи.

please wait

No media source currently available

0:00 0:02:02 0:00
Директен линк

Во еден од телефонските разговори, за кој Заев рече, дека е меѓу Јанкулоска и поранешниот министер за образование Панче Кралев се слуша како двајцата разговараат за вработувањето на асистенти на факултети.

„Машки глас: Ние гледавме овде списокот, значи тие што се океј отидоа…

Женски глас: Добро.

Машки глас: Е сеа има неколку, не неколку туку повеќето се ни ваму ни таму…

Женски глас: Односно деканиве не постапиле како што сме им рекле така?

Машки глас: Не, не, не сме ни имале ние кандидат, нити се членови на некоја партија, ме сфаќаш, значи не сме имале таму кандидати… него они си објавиле им требало добиле согласност и си има некој…

Женски глас: Ама треба бе Панче да видиме кои се луѓево, да не се ептен комуњари.

Машки глас: Ги гледав, значи Наташа и Стојче ги гледаат нон-стоп значи затоа ти викам, не се дефинирани тие. За тие што се знае дека се СДС ги имаат лоцирано, тие што се наши ги имаат лоцирано и тие се поминати, тие од ес-де-ес не поминуваат, меѓутоа имаме група на луѓе недефинирани… “

please wait

No media source currently available

0:00 0:01:36 0:00
Директен линк

На денешната прес-конференција беа пуштени и разговори со кои, Заев рече, дека се потврдувало и дека во здравството се вработуваат кадри по налог на Груевски. Конкретно во разговорот меѓу, како што рече, премиерот и Јанкулоска се слуша како тие разговараат за вработувања во поранешната Воена болница и односот на директорот на болницата, за што подоцна министерка зборува и со нејзиниот сопруг Влатко Илиевски посочија од СДСМ.

„Женски глас: Директорот мора да почитува тоа што сме му дале насоки... он си прима кого сака...

Машки глас: Добро тоа ме интересираше, значи не ги почитува, тој рече дека ги почитувал...

Женски глас: Не е точно... значи он и кај докторите си ги прими он што си ги сакаше луѓето, сеа пак си бута свои кој му текне вака непотистички ...

Машки глас: Добро…

Женски глас: И нормално вика ја за тоа имам дозвола од премиерот.

Машки глас: Добро тогаш...“

please wait

No media source currently available

0:00 0:01:04 0:00
Директен линк
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:39 0:00
Директен линк

Заев денеска пушти и разговори за кои тврди дека се покажувало директно влијание при изборот на кадрите и во Управата за јавни приходи и во судството.

please wait

No media source currently available

0:00 0:01:18 0:00
Директен линк

Тој порача дека поради ова не очекуваат разрешница од македонските институции, дека ќе продолжеле со објавувањето на материјалите, но дека предност ќе му дале на дијалогот во Брисел, за кој не откри детали.

please wait

No media source currently available

0:00 0:01:21 0:00
Директен линк
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:54 0:00
Директен линк
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:42 0:00
Директен линк
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:52 0:00
Директен линк
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:16 0:00
Директен линк
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:02 0:00
Директен линк
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:06 0:00
Директен линк
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:44 0:00
Директен линк
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:27 0:00
Директен линк
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:56 0:00
Директен линк
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:44 0:00
Директен линк
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:12 0:00
Директен линк
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:10 0:00
Директен линк
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:16 0:00
Директен линк
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:25 0:00
Директен линк

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ реагира дека се докажало дека крајната цел на сценариото чиј извршител е Заев е токму дестабилизација и обид за внесување криза.

„Затоа тој денес недозволиво откриваше информации за капацитетот на безбедносните служби, обидувајќи се да го загрози неговото функционирање. Заев денес на крајно безобзирен начин и повторно неводејќи сметка за државните интереси разоткриваше информации за плановите за кадровското доекипирање на службите за безбедност и зголемување на нивната оперативност. Тоа е класично антидржавно однесување и граѓаните тоа го препознаваат и затоа не го подржуваат“, стои во соопштението на владејачката партија.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG