Тутунски комбинат го преполови бројот на вработени. Од 960, само за еден месец со социјален пакет и отпремнина максимум до 15 илјади евра, како технолошки вишок доброволно заминаа 535 вработени. Со ова е решен најгорливиот проблем во овој загубар. Според проценките на менаџерите, ова е оптимален број на вработени, со што ќе се зголеми продуктивноста во производството и енормно ќе се намалат трошоците.
Тоа за нас значи драматично намалување на трошоците и ќе ни овозможи натамошна стабилност и континуитет во работењето. Исто така како една од остварените придобивки би го споменал и договорот за директен откуп на ориентален тутун од нашите производители.Александар Дерменџиев, генерален директор на Тутунски комбинат.
„Тоа за нас значи драматично намалување на трошоците и ќе ни овозможи натамошна стабилност и континуитет во работењето. Исто така како една од остварените придобивки би го споменал и договорот за директен откуп на ориентален тутун од нашите производители“, изјави Александар Дерменџиев, генерален директор на Тутунски комбинат.
Интернационалната компанија `Филип Морис`, со која комбинатот потпиша договор за стратегиско партнерство и формира нова фирма со 30 вработени `Тутунски Комбинат-Филип Морис`, во цигарната фабрика во Прилеп донесе две современи машини од фабриките во странство.
Со воведувањето на новите машини и новата опрема, што се донесе во ДООЕЛ Цигари, ќе се модернизираат самите процеси, а исто така оптимално ќе се користат човечките ресурси и ќе се постигне оптимална организација.Марјан Ангелески, директор на ДООЕЛ Цигари.
„Со воведувањето на новите машини и новата опрема, што се донесе во ДООЕЛ Цигари, ќе се модернизираат самите процеси, а исто така оптимално ќе се користат човечките ресурси и ќе се постигне оптимална организација. Ќе ги следиме преференците на полнолетните пушачи, како и динамиката на пазарот, воедно со тоа ќе се лоцираат новите иновативни цигари од најсилното портфолио на Филип Морис-Тутунски Комбинат“, изјави Марјан Ангелески, директор на ДООЕЛ Цигари.
Со цел побрза модернизација, што поскоро унапредување и приближување на производствениот процес до стандардите за квалитет на `Филип Морис`, во цигарната фабрика на Тутунски комбинат престојуваат консултанти на интернационалната тобако компанија.
„Она што е досега направено, откако е потпишан договорот за стратегиско партнерство, се гледа во подобрувањето и модернизацијата на постоечката опрема, инсталација на различни китови за производство на цигари со различни димензии, инсталирање на опрема за онлајн печат којашто овозможување спречување на шверц на цигарите на пазарот, а исто така е поставена опрема за онлајн мерење на квалитетот на производот до ниво потребно за пазарот“, истакнува Бора Костиќ, консултант од `Филип Морис`.
Најмногу за две години, сметаат менаџерите, Тутунски комбинат ќе ги исплати долгогодишните обврски, кредитите се репрограмирани, па компанијата ќе за стане на здрави нозе. Сепак, за успешно работење и излегување од криза на овој загубар, посочуваат добро упатените, неопходно е отворање и на нови пазари и постојано подигнување на квалитетот на производството и што поголема искористеност на капацитетот на цигарната фабрика.