Телефонски разговори поврзани со преговарањето на премиерот Никола Груевски за амнестијата на хашките случаи, објави лидерот на СДСМ Зоран Заев на денешната прес конференција. Досега видовме повеќе лица на Груевски рече Заев. Нагласувајќи дека сега ќе ја симнеле неговата најсакана маска на патриот.
Од снимките што ќе ги објавиме ќе се уверите дека за да остане на власт, Никола Груевски ниту го интересираат македонските национални интереси, во кои тој се крсти пред граѓаните Македонци, ниту го интересираат законите, ниту неговите соработници- од министри до пратеници.Зоран Заев, СДСМ.
„Ќе слушнете каков политички измамник и манипулатор е Груевски. Од снимките што ќе ги објавиме ќе се уверите дека за да остане на власт, Никола Груевски ниту го интересираат македонските национални интереси, во кои тој се крсти пред граѓаните Македонци, ниту го интересираат законите, ниту неговите соработници- од министри до пратеници. Ќе слушнете како без око да му трепне, Груевски ги фрла во оган најблиските негови соработници во владата и пратениците на ВМРО ДПМНЕ во парламентот, во коалициски пазари во кои неговата единствена цел е да ја обезбеди својата премиерска фотелја“, рече Заев.
Лично Никола Груевски се испазарил со Али Ахмети за затворање на хашките случаи со амнестија. Груевски лично наредил, за тој да се заштити, целата постапка да ја префрли во парламентот, изјави Заев на почетокот на објавувањето на новата „бомба“ на опозицијата.
Oд првиот телефонски разговор за кој од опозицијата посочија дека бил меѓу Груевски и пратеничката Силвана Бонева се слуша како машкиот глас вели: Ние со ДУИ вечерва завршивме, од утре почнува маката, потоа додавајќи дека се работело за два закона и едно автентично толкување поврзано со хашките случаи. Инаку пред презентацијата на разговорите беа пуштени и снимки од прес конференција на премиерот на која тој негира дека разговарал за овие случаи.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Во друг телефонски разговор за кој Заев вели дека се слушало и како соработниците на Груевски не се согласувале со ваквата одлука, а и неговата соработничка за правни прашања Билјана Бришковска Бошковска оценила дека амнестијата на хашките случаи е преседан и не е во согласност ниту со законите, ниту со одлуката на Хашкиот трибунал.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
„Од влада да пуштиме нешто округло, што не значи ништо, па во Собрание нека кршат глава. Ќе изгласаат во Собрание и ајт со здравје, напишете неразбирливо“, вели еден од женските гласови во разговорот објавен од страна на СДСМ.
Заев вели дека ова се случувало во период кога се зацврстила коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.
А во еден од разговорите за кој се тврди дека е гласот на Груевски се слуша дека тој вели сето тоа треба да заврши до изборот на нова влада, односно што е можно поскоро. Од последниот сет на разговори пуштени денеска, за кој се посочува дека е меѓу Ставрески и Јанкулоска, се слуша како и двајцата министри избегнувале да одат на седницата на која се гласала амнестијата на Хашките случаи, бидејќи не сакале да гласаат за договореното.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
„Ќе се влечкам не сакам да гласам за тој закон, ќе се влечкам“, вели женскиот глас во разговорот.
Машкиот пак додава дека измислил оти го чува детето и затоа не може да дојде.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
„Си сурфам нешто за одмор. Пратениците кај се, нека го викаат Пешевски, ние за све сме амали, а другите се курчат и си прават мрежа, едната мрежа за фамилијата, другата си ја прави Пешевски. Му пречиме, му се страв да не сме прејаки“, се спомнува меѓу другото во објавениот разговор во седиштето на СДСМ.