Со автентичното толкување на Законот за амнестија, сите случаи поврзани со воени злосторства од конфликтот во 2001 година се затворени во Македонија. Судски епилог на тие случаи може да има само пред меѓународните судови, велат екпертите со кои разговаравме.
Да сум на местото на заинтересираните страни, вели професор Мирјана Најчевска, не би се лишила од обидот за отворање на овие случаи пред меѓународните судови. Со автентичното толкување, аместирани се
сторителите во случаите Липковска брана, Непроштено, Мавровски работници и Раководство на ОНА. Македонските судови не може да процесираат ни еден од вратените хашки случаи, вели Најчевска.
„Автентичното толкување на Собранието дефинитивно претставува брана на било кој друг начин на постапување, заради тоа што Собранието е тоа кое што ги донесува законите и Собранието во случајот е тоа кое што го потврдило духот на законот и што сакал законодавецот да каже. Од правен аспект сметам дека ниту еден судија во моментов не би можел или не би требало да може, да ги процесира овие случаи.“
Друго прашање е, вели Најчевска, дали евентуално меѓународниот фактор нема да се повика на договорот меѓу Македонија и Хашкиот трибунал со кој е извршено преземањето на случаите и дали меѓународниот фактор нема да го постави прашањето на доследно спроведување на овој договор. Таа вели дека договорот е прецизен – Хашките случаи се вратени во Македонија не за да бидат тргнати настрана, туку за да бидат разрешени на соодветен судски начин.
Од друга страна, поранешниот уставен судија, професор Бајрам Положани, вели дека, штом Хашкиот трибунал ги вратил случаите и тие потпаѓаат под Законот за амнестија.
„За мене никогаш не било спорно дека и тие дела беа опфатени со Законот за амнестија освен доколку Хашкиот трибунал ги побара. Кога веќе Хашкиот трибунал ги врати тие предмети, значи дека тие предмети се третираат во рамките на одредбите од Законот за амнестија.“
Денеска се одбележува 10-годишнината од загинувањето на осумте армиски резервисти кај месноста Љуботенски Бачила. На споменикот во Љубанци цвеќе ќе положат членови на семејствата на загинатите бранители, делегации од Кабинетот на Претседателот, Владата, Генералштабот на АРМ, здруженија на граѓани и политички партии. Почит на загинатите ќе им биде одадена и на спомен обележјата во касарната „Илинден“ и во Волково.
Како одговор на поставените противтенковски мини при што загинаа армиските резервисти, македонските безбедносни сили презедоа акција во селото Љуботен, доминантно населено со Албанци.
За операцијата во Љуботен, Јохан Тарчуловски и тогашниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски беа обвинети пред хашкиот суд. Бошкоски беше ослободен, а Тарчуловски доби 12 години затвор. Судот го прогласи виновен за наредување, планирање и поттикнување на убиство на тројца албански цивили, безобѕирно уништување на 12 куќи и друг имот и сурово постапување кон 13 албански цивили. Тарчуловски е единствениот осуден за воени злосторства извршени за време на конфликтот во 2001 година.
Останатите четири случаи во кои припадници на ОНА беа обвинети за воени злосторства им беа вратени на македонските судови. Со изгласаното автентично толкување на законот за амнестија, тие случаи нема да добијат судски епилог во Македонија. Дел од експертите реагираа дека Македонија не може да амнестира воени злосторства и злосторства против човештвото, зашто тоа е спротивно на меѓународното право.
Да сум на местото на заинтересираните страни, вели професор Мирјана Најчевска, не би се лишила од обидот за отворање на овие случаи пред меѓународните судови. Со автентичното толкување, аместирани се
Од правен аспект сметам дека ниту еден судија во моментов не би можел или не би требало да може, да ги процесира овие случаи.
„Автентичното толкување на Собранието дефинитивно претставува брана на било кој друг начин на постапување, заради тоа што Собранието е тоа кое што ги донесува законите и Собранието во случајот е тоа кое што го потврдило духот на законот и што сакал законодавецот да каже. Од правен аспект сметам дека ниту еден судија во моментов не би можел или не би требало да може, да ги процесира овие случаи.“
Со автентичното толкување на Законот за амнестија остантите хашки случаи се затворени во Македонија.
Друго прашање е, вели Најчевска, дали евентуално меѓународниот фактор нема да се повика на договорот меѓу Македонија и Хашкиот трибунал со кој е извршено преземањето на случаите и дали меѓународниот фактор нема да го постави прашањето на доследно спроведување на овој договор. Таа вели дека договорот е прецизен – Хашките случаи се вратени во Македонија не за да бидат тргнати настрана, туку за да бидат разрешени на соодветен судски начин.
Од друга страна, поранешниот уставен судија, професор Бајрам Положани, вели дека, штом Хашкиот трибунал ги вратил случаите и тие потпаѓаат под Законот за амнестија.
За мене никогаш не било спорно дека и тие дела беа опфатени со Законот за амнестија освен доколку Хашкиот трибунал ги побара. Кога веќе Хашкиот трибунал ги врати тие предмети, значи дека тие предмети се третираат во рамките на одредбите од Законот за амнестија.