Достапни линкови

Ослободувањето на Тарчуловски - шанса за помирување


Јохан Тарчуловски излезе од затворот во Диц, Германија, каде ја издржуваше затворската казна за воени злосторства во скопското село Љуботен.
Јохан Тарчуловски излезе од затворот во Диц, Германија, каде ја издржуваше затворската казна за воени злосторства во скопското село Љуботен.

Во контекст на процесот на помирување, ова покажува колку сме далеку од тоа, дека ние воопшто не сме го ни почнале, вели професор Билјана Ванковска.

Јохан Тарчуловски, кој вчера излезе од затворот во Диц, Германија, каде ја издржуваше затворската казна за воени злосторства во скопското село Љуботен, денеска попладне се очекува да пристигне во Македонија. Тој беше осуден од Хашкиот трибунал на 12 години, но е помилуван по издржување на две третини од казната.
Во контекст на процесот на помирување, ова покажува колку сме далеку од тоа, дека ние воопшто не сме го ни почнале. Затоа што ако мнозинството Македонци го чуствуваат како херој некој кој со судска постапка е најдено дека е одговорен за убиство на цивили и тоа граѓани на Република Македонија, да не заборавиме. Тоа значи дека многу малку сме научиле од тие лекции.
.

По пристигнувањето во Скопје, предвидено е Тарчуловски да се сретне со премиерот Никола Груевски во владата и да положи цвеќе пред Споменикот на бранителите во близина на Порта Македонија. За неговиот пречек ќе биде организирана и прослава на плоштадот.

Професор Билјана Ванковска вели дека дочекот на Тарчуловски неодоливо потсетува на враќањето на Љубе Бошкоски, иако нивните ситуации од правен аспект беа различни, едниот се врати како ослободен од обвинието, а другиот се враќа по две третини од отслужување на затворска казна. Таа верува дека сега емоциите ќе испливаат на површина и ќе го засенат разумот.

„Во контекст на процесот на помирување, ова покажува колку сме далеку од тоа, дека ние воопшто не сме го ни почнале. Затоа што ако мнозинството Македонци го чуствуваат како херој, некој кој со судска постапка е најдено дека е одговорен за убиство на цивили и тоа граѓани на Република Македонија, да не заборавиме. Тоа значи дека многу малку сме научиле од тие лекции.“

Ванковска додава дека јавноста во својата еуфорија заборава еден битен факт, а тоа е дека Тарчуловски даде писмена поддршка на автентичното толкување на амнестијата за останатите хашки случаи како Мавровски работници.
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:39 0:00
Директен линк
„Да не заборавиме дека судскиот случај Мавровски работници беше најскандалозен во таа смисла затоа што судењето веќе беше почнато, траеше и оддеднаш по тоа автентично толкување беше прекината. Затоа целата оваа еуфорија не ја гледам како добар знак, гледам потреба да се изразат нечии фрустрации и сега Македонците најверојатно не размислуваат зошто Јохан лежел во затвор, воопшто не знаат никакви детали за случајот за кој е осуден, а го доживуваат како некој кој лежел во зандани за каузата на Македонија. Од друга страна, кај Албанците не видов, барем своевремено, ниту еден отпор во однос на амнестијата или барање да и од таа страна се пронајдат виновниците барем за оние флагрантни дела и повторно ќе го посочам Мавровските работници. “
Ние не можеме цел живот да се посветиме на тие работи кои се многу чуствителни затоа што со тоа практично не придонесуваме позитивно туку само си создаваме сопки во нашиот општествен развој.

Професор Мерсел Биљали вели дека без оглед на тоа дека е докажана вината на Тарчуловски, тоа има една политичка боја односно да се создаде поволен амбиент во Македонија и да се заборави минатото и да се затвори поглавјето околу конфликот во 2001-та.

„Ние не можеме цел живот да се посветиме на тие работи кои се многу чувствителни затоа што со тоа практично не придонесуваме позитивно туку само си создаваме сопки во нашиот општествен развој.“

Биљали, постетувајќи на случајот со Бошкоски, вели дека и овој пат очекува враќањето на Тарчуловски да се злоупотреби за политички цели.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG