Политичкиот дијалог во Македонија меѓу владата и опозицијата, судската власт и медиумите ќе бидат трите клучни теми за кои дискутира Европскиот Совет на состанокот посветен на Македонија, изјави заменик премиерот и министер за надворешни работи на Кралството Белгија, Дидие Рејндерс по средбата со својот македонски колега Никола Попоски.
Исто така важна дебата ќе биде и судската власт, како да се унапредува судската власт, како да се зајакне независноста на судската власт. Ќе има сигурно дебата и во однос на учеството на јавната власт во финансирањето на медиумите.Дидие Рејндерс, министер за надворешни работи на Кралството Белгија.
„Прво политичкиот дијалог и самите знаете дека постои таа иницијатива од Европскиот парламент за отпочнување на политичкиот дијалог меѓу владата и опозицијата и навистина е многу важно Собранието да почне нормално да функционира. Исто така важна дебата ќе биде и судската власт, како да се унапредува судската власт, како да се зајакне независноста на судската власт. Ќе има сигурно дебата и во однос на учеството на јавната власт во финансирањето на медиумите и правичната распределба на јавните средства на објективен начин за медиумите“, изјави белгискиот министер.
Белгија во исто време е и актуелен претседавач со Советот на министри за надворешни работи во Советот на Европа.
Попоски вели дека во овој момент најголем хендикеп за еворо-атласнките интеграциии на земјата претставуваат слабостите во делот на политичкиот дијалог кои не се одразуваат позитивно на имиџот на земјата и им ја отежнуваат работата на оние кои сакаат да и помогнат на Македонија за да биде дел од ЕУ и од НАТО.
„Во никој случај не би можеле да очекуваме да имаме напредок во политичките процеси доколку немаме кредибилна иднина во Европската унија и мислам дека од голема помош ќе биде да се испрати една силна порака до Македонија дека и покрај тоа што повеќе препораки од ЕК не се почитувани, покрај тоа што во делот на НАТО интеграциите сме блокирани подолг период, двете организации ќе најдат начин да го направат покредибилен фактот дека Македонија треба да припаѓа и во ЕУ и во НАТО.“
Во никој случај не би можеле да очекуваме да имаме напредок во политичките процеси доколку немаме кредибилна иднина во Европската унија и мислам дека од голема помош ќе биде да се испрати една силна порака до Македонија.Никола Попоски, министер за надворшени работи на Македонија.
Но запрашан како на интеграциите ќе се одрази аферата со прислушувањето, Попоски рече дека во македонски интерес е прашањата отворени со оваа афера да се адресираат во рамки на институциите. Попоски вели тие прашања треба да се адресираат и без разлика на европската интеграција на Македонија.
Белгискиот министер вели дека она што ја интересира и ЕУ и Советот на Европа е дека аферата треба да се расчисти.
„Првин треба да се расчисти дали прислушувањето било легално или нелегално, исто така и во однос на самата содржина, од сето она што имавме можност да го слушнеме и од одредени однесувања за коишто понатаму треба да се види дали заслужуваат да бидат санкционирани.“
Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски запрашан за очекувањата од претстојната средба со грчкиот министер за надворешни работи Никос Коцијас на која Атина треба да достави план за мерки за градење на доверба, рече дека од македонска страна има позитивно расположени за секоја мерка која ќе го подигне нивото на доверба меѓу двете страни. Но , вели Поповски, ниту еден план или пристап не треба да биде начин како да се замени главната тема.
„Реалноста е дека Македонија и Грција не се во војна, туку одлично соработуваат и второ, не смееме да бараме изговори за ненадминување на блокадата која е поврзана со наметнатиот спор. Не смее да се замагли главната тема и да се дефокусира од преговорите за членство во НАТО и ЕУ. Довербата е неопходна, но неопходни се и решенија и дијалог, рече Попоски.
Белгија од Македонија очекува напредок за да може земјата да влезе во ЕУ и во НАТО во одреден рок, а за да се постигне тоа треба да продолжи политичкиот дијалог кој е започнат во Брисел. Белгија е тука и да помогне во спорот со името што го има земјава со Грција, односно е подготвена да сподели логика како тие се справуваат со своите соседи, рече белгискиот министер за надворешни работи.