На прес-конференцијата одржана во големата сала во зградата на поранешниот Комитет, пред членовите, симпатизерите и љубопитните граѓани, СДСМ во Куманово ја објави политичката бомба, „Вистината за Македонија“. При тоа, Мартин Костовски, претседател на огранокот на СДСМ во Куманово, рече дека јавноста денеска ќе го слушне она што во Куманово веќе било познато.
Како за време на изборите МВР работи за партиски цели на ВМРО-ДПМНЕ, како се делени огромни суми пари во кеш, како власта соработувала, како што самите велат, со бандити, како опозицијата е попречувана за време на изборниот процес, по секоја цена да се освои Куманово.Мартин Костовски, претседател на огранокот на СДСМ во Куманово.
„Како за време на изборите МВР работи за партиски цели на ВМРО-ДПМНЕ, како се делени огромни суми пари во кеш, како власта соработувала, како што самите велат, со бандити, како опозицијата е попречувана за време на изборниот процес, по секоја цена да се освои Куманово“, вели Костовски.
Според него, првиот снимен разговор е меѓу министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Божиновски, за договор со Стевчо Јакимовски.
„Машки глас: Види се видов со...со...со... другар ти Стевчо. Ми потврди...
Женски глас: Аха, од Српска напредна.
Машки глас: Српска напредна, да. Ми потврди за во Куманово ангажман.
Женски глас: Супер.
Машки глас: Така да, не е лошо ти... има две варијанти, треба да ги размислиш и ти, и ја,не сум уште сигурен. Значи или да се чуеш со овој, да му кажеш, еве се видовме, договорено е, сега ми кажаа, дај сега да операционализираме на терен и да ги поврзеш нашиве, да им кажеш на Мирослав и на Зоки...
Женски глас: А бе, ја више ги поврзав да ти кажам, со тој нивниот од Куманово.
Машки глас: Или, или кога идеш на некоја средба у Куманово, не е лошо да му речеш: дај у некое таму забутано место, да се видиме...“
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Костовски рече дека во следниот разговор се слуша како за партиските потреби на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово биле обезбедени и злоупотребени списоци на припадниците на резервниот состав на АРМ, како извесен Ристе и реферира на Јанкулоска дека успеале да ги „фатат“, како што вели, фирмите, стечајците, бандитите, криминалците.
„Јанкулоска од позиција на министерка за внатрешни работи, потврдува дека се ветени големи суми пари во кеш, 75 илјади, за партијата на Драгиша Милетиќ. Лично Јанкулоска ургира кај Тодоров и кај генералниот секретар на Владата и на партијата, Кирил Божиновски, да се достават овие пари што побрзо. Во следниот разговор Кирил Божиновски потврдува дека тој дал пари во кеш и тоа, внимавајте, не 75 туку 225 илјади“, рече Костовски.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Беше објавена снимка од разговор меѓу, како што велат во СДСМ, Јанкулоска и вицепремиерот Владимир Пешевски, во кој двајцата се договараат како да се спречат возилата што СДСМ ги користи со тоа што ќе ги запре полиција за да ги прати на вонреден технички преглед.
„Во овој разговор Јанкулоска признава дека Министерството за внатрешни работи одработува за ВМРО-ДПМНЕ и потврдува дека целиот врв на МВР, со денови е во Куманово.“
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Костовски рече дека последната снимка е од разговорот помеѓу Јанкулоска и Виктор Цветковски, што, според него, било само потврда на она што сите во Куманово го знаеле и дека и Цветковски, како што рече Костовски, одработувал за интересите на ВМРО-ДПМНЕ.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
На крајот Костовски додаде дека ова било класичен изборен криминал, но дека во Куманово не поминало и дека, според него, нема да помине.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Претставниците на раководството на СДСМ во Куманово одделно се сретнаа и разговараа со претставници од Наставнички пленум, со стечајците, невладиниот сектор, со земјоделците, со граѓаните во урбаните и руралните средини и со новинарите.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ, пак, реагира дека СДСМ набрзина стуткал, монтирал, и прилепил снимки со цел да го прикрие скандалот што Зоран Заев го направи со вчерашната прес-конференција во Скопје, кога издаде државна тајна за донацијата во опрема за специјалната единица во МВР.
Според партијата, денеска улогата на спасител на Заев му паднала на Мартин Костовски, кумашинот на градоначалникот од СДСМ, Зоран Дамјановски. Токму Костовски и Дамјановски, како што е наведено, се предводниците во екипата на СДСМ во Куманово кои градот го претворија во свој личен посед.