Сте се сретнале ли некогаш очи в очи со она чувство, да токму тоа, кога секојдневието ти е исполнето со константно наметнувани закономерности врз кои треба да се темели твоето понатамошно развивање како личност? Голем е бројот на фактори кои влијаат врз изградбата на твојот животен пат, но кое е она единственото врз кое некој надлежен може да преземе тотална контрола? Образовниот процес е фаза од животот низ која треба да поминеме сите, а неговиот квалитет е она кое треба да нè лиши од понатамошните потешкотии на нашиот пат кон постанување идни интелектуалци. Луѓе на чии плеќи ќе падне сиот товар кој со себе го носи иднината на нашето современо општество.
Имено, најновата реформа која ги потишти средношколците е законот за полагање на математика како задолжителен предмет на државна матура. Нешто кое е воопшто неприфатливо и нешто за кое најверојатно ќе следи една огромна битка.
Имено, неколку години наназад Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образование се во неуспешен обид да го подобрат образованието за сите. Но, изминатиов период ништо од наметнатото не остана премолчено. Нешто како да ги натера младите кон тотална афирмација. Иако доста студена, никој не потклекна на хибернацијата и хедонизмот кои ги нуди секоја зима. Со прелевањето на чашата во која секојдневно со години наназад се натрупуваа проблемите на секој еден студент, тие се охрабрија и го погледнаа в очи најопасниот вирус, кој во облик на „државен испит“ беше раширен оваа зима. Развија антитела кои беа спремни на сè, станаа имуни на секојдневните болести кои ги нуди образовниот систем и храбро ја извојуваа битката за сите нас.
Но, тука не беше ставен крајот на огромната река од непромислени глупости која полека нè поплавува секој ден. Имено, најновата реформа која ги потишти средношколците е законот за полагање на математика како задолжителен предмет на државна матура. Нешто кое е воопшто неприфатливо и нешто за кое најверојатно ќе следи една огромна битка. Но, како да се започне таа битка, кога стравот и притисокот се оние двајца познати побратими кои те потиснуваат од сите страни. Секојдневно слушаш разни предупредувања, размислувања, а воедно и обвинувања кои како вечни сенки те демнат во твојот чекор додека со наведната глава ги поднесуваш сите неправди кои газат врз твојот живот секојдневно, налик тешки црни ѓонови кои не знаат за каков било вид милосрдие. Но, нели забележувате како полека почнува да капе од страните на чашата која е поставена пред средношколците?
Со секоја наредна капка настанува зголемување на нивната храброст да се соочат со сите претстојни проблеми и со сета онаа трулост во образованието кое им е пружено. Зарем сите ние ќе го продолжиме нашето образование на некој од техничките факултети? Зарем ќе започне болно отстранувањето на сите уметници, филозофи итн.? Дали навистина општеството очекува од нас сите да се осврнеме само кон одредени области во животот, покрај толкав колаж од прекрасни науки и уметности? Покрај сето ова, средношколците матурата ќе ја полагаат електронски.
Колку е тажно тоа што со секоја пружена шанса, придонесуваат кон тоа учениците да се грижат само за оцената. Да живеат со размислувањето дека таа обична бројка е онаа која ќе ги дефинира како личности...
Мало потсетување за сите, живееме во земја во која техничката поддржаност е на најниско ниво, со други зборови, во споредба со останатите земји каде што ваквите тестирања се спроведуваат електронски, ние живееме заглавени во еден временски период, нешто налик камена доба. Но ете, со почетокот на наредната година добиваме бесплатни таблети, проблемот е решен. На ист ваков начин средношколците се принудени да го полагаат и екстерното тестирање кое е веќе стапено на сила неколку години. Обидот за подобрување на образованието на оваа маса на слободни умови е доста банален. Општ приказ на една целина од огромен број недостатоци.
Најнапред недостатоците ги увидоа во некомпетентниот наставен кадар. Лоцирањето на грешките се спроведува со тестирање на учениците. Прашањето е дали навистина не знаат како да спроведат едно екстерно тестирање, или, пак, едноставно мрзливоста на тоа поле надвладеала? Екстерното тестирање се полага на крајот на секоја учебна година. За сета таа слика да биде поинтересна, по случаен избор се одбираат по два предмета за секој ученик, кои тој ги дознава 2-3 дена пред тестирањето. Неефективниот резултат од сиот овој хумористичен нацрт, е доволно јасен за сите. Но, тие не ја признаа грешката во сопствените чекори, егото понекогаш е помоќно од разумот. Едноставно решија да изнајдат начин како да ги замолчат сите и воедно да ги натераат да го спуштат прстот кој веќе долго време е вперен кон нив. Најлесен начин за спроведување на тој план: направи ги прашањата од тестирањето достапни за учениците.
Колку е тажно тоа што со секоја пружена шанса, придонесуваат кон тоа учениците да се грижат само за оцената. Да живеат со размислувањето дека таа обична бројка е онаа која ќе ги дефинира како личности... Сепак, кој ќе ги научи прашањата е задоволен, кој нема, единицата е оној епитет кој ќе му го краси сведителството. Потоа тоа сведителство е неважечко нели, но тоа е неважно. Дупките во законот суптилно ги исполнуваме со секојдневниот излив на ѓубре. Но, и тоа ќе претече и ќе го исполни воздухот со ужасна смрдеа. На нас, сè уште недооформените плодови кои никнуваат од оваа почва, останува да ја вратиме прекрасната миризба во воздухот. Мирисот на слободата. А тоа ќе се случи со нашето најмоќно оружје, слободната мисла. Толку е моќна замисли, има сила да ги избрише сите граници, ни дава простор да дишеме, обиди се да почувствуваш.