Лично Никола Груевски, дури и среде ноќ, им издавал наредби на неговите министри да работат противзаконски и да прават нелогични буџетски трошења за реклами и споменици во услови кога биле доведени во прашање платите на администрацијата и нивните работни места. Ова, тврди претседателот на СДСМ Зоран Заев, можело да се заклучи од единаесетте телефонски разговори меѓу, како што рече, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и неговата колешка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, што беа пуштени на денешната прес-конференција.
Ова се признанија лично од вицепремиерот за финансии Ставрески и министерката за внатрешни работи Јанкулоска, што ќе потврдат за сè што предупредувавме: за хаосот во буџетот и колапсот на економијата во Македонија, за апсурдни трошења пари на граѓаните, овие разговори ќе потврдат дека е фалсификувана вистината за економската состојба во државава. Сето ова се правело по налог на еден човек, премиерот Никола Груевски.Зоран Заев, претседател на СДСМ.
„Ова се признанија лично од вицепремиерот за финансии Ставрески и министерката за внатрешни работи Јанкулоска, што ќе потврдат за сè што предупредувавме: за хаосот во буџетот и колапсот на економијата во Македонија, за апсурдни трошења пари на граѓаните, овие разговори ќе потврдат дека е фалсификувана вистината за економската состојба во државава. Сето ова се правело по налог на еден човек, премиерот Никола Груевски“, рече Заев, кој додаде дека аудио снимките се од периодот на ребалансот на буџетот во 2012 година и проектирањето на буџетот за 2013 година.
Со тоа, според претседателот на СДСМ, се објаснувало зошто била нервозата кај власта и случувањата на 24 декември.
Во презентираните разговори за кои Заев тврди дека се автентични и дека на нив зборуваат двајцата министри се слуша нетрпеливост и несогласување со некои барања на Груевски. Во првите четири беше нагласено дека се слуша дека приходите се катастрофа, дека се трошат милионски суми за згради и споменици, наместо за реални потреби, а како што вели Заев, и Јанкулоска признавала дека полицијата тепала на протестите пред Општина Центар.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Женски глас: А, бе незамисливо е Зоки. Ние сеа како Цигани, два миљона овде три миљона тука скрати, циганска работа. Значи до таму е дојдено. А ваму со злато ги укоричуваме книгиве.
Машки глас: А, бе луѓево, пошто доаѓаат овакво за буџет па мора некој работи да кажат, шо све ми кажуваат дополнителни работи таму шо све им кажувал. Сеа слики нарачал, 100 слики, слични како овие у музејот што се, за во Археолошкиот музеј.
Женски глас: Леле...
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Машки глас: Добро бе Горде, мислам кажи ми еве дали јас сум ненормален или не знам више шо да... Мислам...
Женски глас: А, бе јас вчера нели за ова за полицискава станица. Луѓево значи рипаат од радост, како мали деца се радуваат зашто имале плочки у купатило и прозорите зашто се затвараат. Значи до таму е дојдена работава.
Машки глас: А мене ми се смее шо сум му рекол за...
Женски глас: Ама они сами му кажаа, а спијат на железни кревети, на ќебињата пишува ЈНА.“
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Во еден од разговорите, како што рече Заев, Ставрески признавал дека битолскиот градоначалник Владимир Талески направил коруптивен скандал, а Јанкулоска, пак, дека низ скопскиот градоначалник Коце Трајановски поминувале „матни работи“. Во друг разговор, пак, според Заев, се слуша како Ставрески признавал дека долговите се трупаат, а се мислело само на блиски бизнис партнери до Груевски и Мијалков. И Јанкулоска, вели тој, признава дека Груевски бил „забеган“.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Женски глас: Идиотска е состојбава.
Машки глас: Ние сме лудаци. Ние трошиме на чоколада, а немаме леб дома, тоа праиме ние.
Женски глас: Е баш така праиме. Види, ние кратиме, свесно, ирационално се однесуваме. Ги сведуваме основниве функции под минимум, не се ни на минимум, а ваму градиме не знам шо. Државата не ни функционира.“
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Инаку во некои од пуштените снимки Заев вели дека Јанкулоска и Ставрески употребуваат погрдни зборови за евроамбасадорот Орав.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Денешната прес-конференција е шеста по ред на која СДСМ ги објавува таканаречените бомби.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Вашиот пребарувач не подржува HTML5