Достапни линкови

Бомба на СДСМ: Власта признава - трошиме на чоколада, а немаме за леб


Според Заев, емитуваните разговори меѓу Ставрески и Јанкулоска покажуваат дека Груевски издавал наредби да работат противзаконски, за незаконско подигнување милионски кредити од странство, реклами, споменици и уметнички слики, кога биле доведени во прашање платите на вработените во администрација. Да бевме Америка немаше да издржиме, вели машкиот глас во разговорите, за кој Заев тврди дека е на вицепремиерот Ставрески.

Заев рече дека со овие разговори се покажува зошто Јанкулоска и Ставрески се најприслушуваните министри од страна на премиерот Никола Груевски и шефот на тајната полиција Сашо Мијалков. Според него, емитуваните разговори покажуваат дека Груевски издавал наредби да работат противзаконски, за незаконско подигнување милионски кредити од странство, реклами, споменици и уметнички слики, кога биле доведени во прашање платите на вработените во администрација.

„Приходите се катастрофа, на дрво да ги берев парите, ова не се исдржува. Сто пати реков не иде вака“, вели машкиот глас во емитуваните разговори.

please wait

No media source currently available

0:00 0:09:56 0:00
Директен линк

На што женскиот глас вели: „ Не можеме да плаќаме ни струја, ни телефони, дај да ги скратиме платите“, а машкиот глас предлага:

„Избркај 500 луѓе од администрација и готова работа.“

Машкиот глас во еден од разговорите вели дека тој секогаш излегува лош пред луѓето оти секогаш треба да ги каже сите лоши работи.

„Во оваа држава не сака никој да се соочи со реалноста. Не можам да ви ги правам буџетот на сите министерства“, вели машкиот глас.

Во еден од разговорите женскиот глас заклучува дека „комуњарите се во право кога велат дека власта е забегана“.

Машкиот глас во еден од разговорите вели: Да бевме Америка немаше да изржиме.

„Треба да разбереме дека сме лудаци, ние трошиме на чокалада, а немаме леб да јадеме“, вели машкиот глас за кој Заев тврди дека е на Ставрески.

На еден од разговорите, за кои Заев тврди дека се меѓу Јанкулоска и Ставрески, се слуша како тие разговараат дека Груевски ги тера да склучат незаконски договор без тендер со кинеска компанија.

На друг разговор се слуша како разговараат за нелегални активности на битолскиот градоначалник Владимир Талески.

Денешната прес-конференција е шеста по ред на која СДСМ ги објавува таканаречените бомби. Досега беа објавени телефонски разговори на кои се слуша договорање околу судски кадри, судски и јавнообвинителски одлуки, детали за апсењето на Бошкоски и медиумска перзентација , случајот со уривањето на Космос на Фијат Цановски и прислушувањето на новинари.

XS
SM
MD
LG