Македонија на 117 место по слобода на медиумите

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Македонија на 117 место по слобода на медиумите

Во образложението се наведува дека ситуацијата со македонските медиуми во минатата година продолжила да биде лоша. Годината била обележана и со злоупотреба на законодавството за клевета, како и со политички мотивирана распределба на државните рекламирања.

Во денеска објавениот годишен извештај на Репортери без граници, Македонија, по слободата на медиумите, се најде на 117 место од 180 земји во светот.

Во минатата година Македонија беше на 123 место, што според најновиот Индекс на слободата на медиумите, е за 6 места подобро.

Во образложението се наведува дека ситуацијата со македонските медиуми во минатата година продолжила да биде лоша.

Годината била обележана и со злоупотреба на законодавството за клевета, како и со политички мотивирана распределба на државните рекламирања.

Македонија е најлошо пласирана од другите земји во регионот. Пред Македонија се Црна Гора на 114, Бугарија на 106, Албанија на 82, Србија на 67 и Босна и Херцеговина на 66 место.

Новинарот Томислав Кежаровски во 2014 се уште бил во домашен притвор откако во октомври 2013 година е осуден на четири ипол години затвор за наводно откривање идентитет на заштитен сведок.

Неговата казна во јануари годинава му е намалена на две години затвор.

Новинарите, како што се наведува, имале проблеми при известувањето од настаните.

Во јуни полицијата принудила неколкумина новинари да ги избришат фотографиите и видеата од протестот што го следеле.

Да потсетиме дека новинарка на Радио Слободна Европа беше дел од групата новинари кои беа попречени од страна на полицијата во новинарската работата при следењето на протестите во Ѓорче Петров.

Македонија всушност е најлошо пласирана од другите земји во регионот.

Пред Македонија се Црна Гора на 114, Бугарија на 106, Албанија на 82, Србија на 67 и Босна и Херцеговина на 66 место.

Во годишниот извештај на Репортери без граници се наведува дека во минатата година бил забележан драстичен пад на слободата на медиумите во светот, главно поради активностите на екстремистичките групи како Исламска држава и Боко Харам.

Во извештајот се додава дека лани во 180 земји имало 3719 нарушувања на медиумските слободи, што е за осум проценти повеќе од претходната година.

Најниско ниво на слобода на медиумите има во Иран, Кина, Сирија и Северна Кореjа.

На дното на табелата се најдоа и Русија и Турција.

Најдобро пласирани во годинашниот Извештај за слободата на медиумите на Репортери без граници се скандинавските земји, Финска, Норвешка, Данска и Холандија.