Секојдневните обврски, езгистенцијалните проблеми, но и изборот на поинаков вид забава во слободното време ги оддалечува жителите на Гостивар од книгите. Библиотеката во рамки на Центарот за култура, веќе неколку месеци попусто се обидува да го зголеми обемот на користењето на книги. Иако дава книга подарок после неколку изнајмени, нема некој позначаен резултат.
После секоја 4-та читана книга членот на библиотеката ќе добие петта книга подарок од нашата институција, така да верувам дека ќе има можност да бидеме ние дел од можноста од креирање на лична библиотека.Луан Зенки, директор на Центарот за култура.
„Работиме цело време да бидеме поблиску до граѓаните. Сите овие книги на рафтовите да бидат достапни за читателите бидејќи за тоа е нивната намена. После секоја 4-та читана книга членот на библиотеката ќе добие петта книга подарок од нашата институција, така да верувам дека ќе има можност да бидеме ние дел од можноста од креирање на лична библиотека“, вели Луан Зенки, директор на Центарот за култура во чии рамки функционира библиотеката.
Анкетираните граѓани признаваат дека не читаат многу книги, бидејќи се зафатени со разни обврски.
Книги ич не читаме, весници да.Анкетиран граѓанин.
„Помалку читам, повеќе решавам вкрстени зборови. Тоа ми е занимација. Секој ден пешачам по 4-5 километри.“
„Книга? Јас романчиња читам, повеќе ги гледам приказните. Дневник гледам.“
„Книги ич не читаме, весници да. Со внуците сум, ги припазувам кога пишуваат домашна“, велат запрашаните граѓани.
Љупка Антеска е новинар од Гостивар, која има и издадено своја стихозбирка. Поради природата на професијата, но и љубовата кон пишаниот збор ги познава, условно речено, двете страни на состојбата, па вели дека луѓето потклекнуваат пред можноста да духовно да се збогатат.
„Дека се нема време за читање тоа може да биде само изговор. Дека граѓаните толку се оптоварени со своето секојдневие, со обврските, со проблемите, сето тоа го сметам само за изговори. Вистинската причина зошто многу малку се чита треба да се бара во едно општо лудило што ја има зафатено Македонија, а тоа е лудило на евтина забава, турски серии и на турбо фолк избор“, смета новинарката Антеска.
Гостивар има 40-тина илјади жители, а библиотеката брои едвај 1.500 членови.