Додека во текот на летото општествената слика на Тетово ја прават печалбарите, од септември или со почетокот на есента тоа се студентите на двата универзитети. Тоа посебно важи за јужниот дел од Тетово на излезот кон Гостивар, каде што се сместени универзитетските кампуси. Во изминатите десетина години од кога почнаат да фунцкионираат Државниот универзитет во Тетово и Универзитетот на Југоисточна Европа се изградија нови згради каде се сместуваат студентите од другите градови. И нови дуќани, бутици, кафе барови, книжарници, почнаа да функционираат во тој дел од градот поради потребите на студентите.
Тетово се претвора во еден студентски град, кој што бара, од сместувачки капацитети за студентите, па до нивна исхрана, па се до третман во нивната секојдневна потрошувачката. Сето ова претставува огромен импакт за локален економски развој на општината“, велиАбдулменаф Беџети, универзитетски професор.
„Знаете имате во вашиот кампус 6 илјади, 7 илјади студенти и веднаш до него еден друг универзитет, можеби 10 до 15 илјади студенти. Тоа значи дека Тетово се претвора во еден студентски град, кој што бара, од сместувачки капацитети за студентите, па до нивна исхрана, па се до третман во нивната секојдневна потрошувачката. Сето ова претставува огромен импакт за локален економски развој на општината“, вели професор Абдулменаф Беџети.
Освен студентите од тетовско и гостиварско кои секојдневно патуваат од селата и градот до универзитетите, околу дваесетина проценти од студентите се од другите градови. Плаќаат кирии за сместување, а трошат и пари за храна и услуги.
Вкупно 300 евра месечно за еден студент. За книги уште 100 евра по семестар.Мајлинда Османи, студентка.
„Вкупно 300 евра месечно за еден студент. За книги уште 100 евра по семестар“, вели Мајлинда Османи, студентка на правен факултет од Дебар.
Шабан Арслани од студенската унија на Државниот универзитет во Тетово вели дека со подобрувањето на економскиот стандард вооопшто во Македонија, повеќе пари ќе имаат и студентите кои истите ќе ги трошат во градот.
„Трошоците се многу големи за разлика од тоа колку ние имаме приходи. Моето семјство што не издржува, со една плата, тоа е голема разлика од тоа колку имаме трошоци“, вели студентот Арслани.
Професорот Беџети смета дека покрај материјалното влијание, големиот број студенти во Тетово имаат значителен културолошки придонес кон општеството.
„Спојуваат различни култури на едно место и тоа е одлична платформа каде преку пракса, целата таа политичка реторика може да се претвори во една реалност. Не мислам дека, за жал, тоа тука се користи најдобро за да се создаде таа култура на мултикултурализам.“