Поплавите што ја зафатија Македонија во изминатиов период ќе донесат и поскапа храна, велат аналитичарите и земјоделците. Извесно е дека од поплавените површини нема да се произведе ниту зрно пченица. Најкритично е во пелагонискиот, штипско-кочанскиот и струмичкиот регион каде што многу земјоделски површини се под вода.
Ќе се одрази врз цената, гледаме и во светот ќе расте цената на пченицата, а за другите земјоделски производи пак, оранжериското, раното оранжериско производство кои се поплавени, таму нема да има ништо, и таму ќе се одрази и на тие цени ќе има покачување.Тоде Лазаревски, земјоделец.
Тоде Лазаревски кој што се занимава со производство на пченица и сончоглед вели дека земјоделците кои имаат почва на пониските места ќе задоцнат со пролетната сеидба, а на некои места нема ни да можат да започнат со подготовките за сеидба затоа што почвата е заситена со вода.
„Ќе се одрази врз цената, гледаме и во светот ќе расте цената на пченицата, а за другите земјоделски производи пак, оранжериското, раното оранжериско производство кои се поплавени, таму нема да има ништо, и таму ќе се одрази и на тие цени ќе има покачување, ќе има високи цени на производите. Тие пред нова година имаа расади засадено, нема да стигнат сега ќе доцни раното оранжериско производство.“
Пензионираниот професор на земјоделскиот факултет Борис Анакиев вели дека нема едногодишна култура која што не е погодена и со тоа очекува извозот да биде преполовен, а дополнително ќе има и поместување на цената на зеленчукот.
Нема да имаме доволно производство и тие што се договориле за извоз ќе го извезат и на домашниот пазар ќе се јави недостаток, недоволна понуда на градинарски производи.Борис Анакиев, пензиониран професор на Земјоделскиот факултет.
„Нема да имаме доволно производство и тие што се договориле за извоз ќе го извезат и на домашниот пазар ќе се јави недостаток, недоволна понуда на градинарски производи, особено на раните градинарски производи, ќе има некакво поместување, но сепак тоа ќе биде на локално ниво. Трговците сакаат да ги задоволат побарувањата на потрошувачите, ако има голем недостиг, ќе се увезе, ќе се увезат и домати и краставици итн“, вели Анакиев.
Тој не очекува голема промена на цената на лебот затоа што и претходно македонските проиведувачи на пченица не ги задоволуваат потребите на мелничарите кои што увезуваа пченица, а во периодов имаше намалување на цените на енергенсите кои може да помогне да се задржи цената на лебот. Лазаревски вели дека поради ланската ниска откупна цена на пченицата годинава е засадено помалку пченица.
„Годинава ни го откупија за седум, осум денари и многу земјоделци половично посеаја, затоа што нема сметка за пченицата.“
Допрва ќе се прават пресметки за штетите кои ќе ги претрпат земјоделците од поплавите. Поплавени се куќи, имоти, дворови, земјоделски површини, а угинат е и добиток. Ова се само дел од првите последици кои настанаа деновиве од поплавите. Од друга страна постои опасност од појава на болести и штетници. Дополнителен проблем е што речиси 90 проценти од земјоделците не ги осигуруваат поседите.
Анакиев вели дека една од причините за поплавите е неодржување на речната инфраструктура.
Тој препорачува земјоделските експерти во следниов период да излезат на терен и да ги советуваат земјодлеците какви култури да засадат и како да постапуваат во ситуацијава за да ги намалат последиците. Лазаревски предлага Владата да им излезе во пресрет на земјоделците и годинава да се откаже од приходите од закуп на земјоделско земјиште во погодените региони.