Иако висината на штетите во земјоделството предизвикани од поплавите ќе се утврдува дури во наредните месеци, веќе е извесно дека некои приноси може да бидат намалени. Најзасегнати се делови од Пелагонија каде под вода се илјадници хектари земјоделска површина поради излевање на коритото на реката, а поплавени се куќи и дворови.
Некој вели дека родот ќе ни се уништи 50 отсто, сега треба да почекаме да излезат со проценка.Иван Блинков, професор на Шумарскиот факултет во Скопје.
„Некој вели дека родот ќе ни се уништи 50 отсто, сега треба да почекаме да излезат со проценка. Ќе има наноси, ќе затрупаат, некаде треба да се чисти ако наносите се покрупни, зависи каде, некаде некогаш ни премногу вода не чини, може да скапе, значи допрва ќе ги видиме последиците“, вели професор Иван Блинков од Шумарскиот факултет во Скопје.
Земјоделците веќе се прашуваат кој ќе им ги надомести штетите предизвикани од поплавите.
Според нивните согледувања најдобро поминале земјоделците кои задоцниле со сеидбата на пченката. Тие велат дека на многу полиња жетвата ќе мора да се повтори и се сомневаат дека преголемата влага може да влијае на појава на одредени болести на насадите со пченица која може да го намали родот.
Недостигот на воздухот во пченицата ќе почне да делува дури ако се задржи водата подолг период, водата треба да се задржи најмалку една недела за да почне да скапува.Ордан Чукалиев, професор на Земјоделскиот факултет во Скопје.
Меѓутоа професор Ордан Чукалиев од Земјоделскиот факултет коментира дека водата нема да се задржи доволно долго за ги оштети културите, бидејќи нема знаци дека поплавите ќе траат подолго време.
„Недостигот на воздухот во пченицата ќе почне да делува дури ако се задржи водата подолг период, водата треба да се задржи најмалку една недела за да почне да скапува. Ако имало голема вода којашто ја искорнала пченицата, тоа е возможно, а долгорочно некои површни ќе бидат засипани со стерилен нанос.“
За да може да се намалат штетите во иднина експертите препорачуваат дека лекот од поплавите е во шумите, но ова се однесува само на помалите реки.
„Еве гледајте од Водно, повеќе од педесет години не сме имало поплави од водно, а до 1951 имало и поплави и мртви. На пример на Црна Река, на Брегалница, на такви реки, ако има шума ќе смали 10 проценти, не повеќе.“
Упатувајќи критики поради неисчистените канали Блинков изјави дека за поголемите реки како Брегалница потребна е регулација на речните корита и чистење на каналите кои се обраснати.
Инаку според проценките на Министерството за земјоделство штетите од поплавите во Струмица минатата година беа околу 10 милиони евра.