Со полни торби документи, безброј судски одлуки, решенија, жалби и поплаки граѓаните од Кумановско, кои имаат нерасчистени имотно-правни односи со роднините, или со наследство, не мал број и со државата, заробени се во правните лавиринти од кои не можат да излезат. Тие се надеваат дека сепак проблемите ќе се сведат кон крај, иако се чувствуваат исцрпено одејќи од врата до врата.
Поднесувам барање за обнова на дело затоа што на нов имотен лист пишува дека парцелата е сопственост на држава. До 2012 беше моја сопственост, од тогаш тој број не постои. Ги бришат броевите.Анкетиран граѓанин во кумановскиот катастар.
Со воведување на електронски начин на работа, Одделението за катастар во Куманово разрешило 65 илјади предмети, а дигитализирани се 90 отсто од територијата што ја покрива. Раководителот Дејан Јовановски вели дека се работи ажурно, но голем број граѓани реагираат дека некои и повеќе од половина век не можат да ги разрешат нивните имотно-правни проблеми.
„Историја голема, сум се жалела каде што треба сега сум тука. Да прашам кој го поништил бројот на парцела, да разберам кој ги прави грешките. Поднесувам барање за обнова на дело затоа што на нов имотен лист пишува дека парцелата е сопственост на држава. До 2012 беше моја сопственост, од тогаш тој број не постои. Ги бришат броевите“, се жали жител од козјачкото село Арбанашко.
Сите документи и правни акти што ги имаат луѓето и од други институции ако не ги доставувале на време во катастарот може да им се јават проблеми. Пресудата може да имала стари податоци, во меѓувреме да се менувале, пресудата да не била донесена на време. Има разни проблеми кои се покажуваат кога ќе дојде за краен упис во катастар, ако не му се совпаѓа со податоци од имотен лист, треба да се почне од почеток.Дејан Јовановски, раководител на Одделение за катастар во Куманово.
„Како може да не се спроведуваат судските одлуки. Каде е правната држава? Од 1977, 1987 до 1990 година. Земјиштето ни го пишуваат како сопственост на државата“, се жали таа.
Раководителот Јовановски за овие и други слични аномалии појаснува дека се појавуваат зашто крајниот упис на имотот е во катастар.
„Сите документи и правни акти што ги имаат луѓето и од други институции ако не ги доставувале на време во катастарот може да им се јават проблеми. Пресудата може да имала стари податоци, во меѓувреме да се менувале, пресудата да не била донесена на време. Има разни проблеми кои се покажуваат кога ќе дојде за краен упис во катастар, ако не му се совпаѓа со податоци од имотен лист, треба да се почне од почеток“, вели Јовановски.
Тој вели дека постојат законски рокови што службите ги почитуваат, доколку со правните акти нема проблеми.
„Со електронското работење на катастарот сите предмети електронски се евидентираат, има прецизно дадени рокови како автоматски ќе реши предметот. Речиси 70 отсто електронски одат предметите преку нотари или преку општина, воведен е и едношалтерски систем, граѓаните не чекаат на шалтер. Многу промени има воведено“, вели Јовановски.
Факт е дека со електронското работење во катастарот многу работи се сменети во позитивна насока, меѓутоа веројатно уште многу време и нерви ќе ги чинат граѓаните чии што предмети од имотно-правна област заостанале од стариот систем.