Детското одморалиштето „Пелистер“ ќе се продава по намалена цена

Во последните седум години оморалиштето во четири наврати беше огласено за продажба, но не се пријавија заинтересирани купувачи.

Детското одморалиште „Пелистер“ ќе се продава по петти пат, но со намалена цена. Во последните седум години оморалиштето во четири наврати беше огласено за продажба, но не се пријавија заинтересирани купувачи.

Почетната вредност беше околу 500.000 евра со обврска за купувачот да ги задржи вработените на работа најмалку две години. Сега ја чекаме новата пресметка.
Диме Спасов, Министер за труд и социјална политика.

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, најави дека согласно законските одредби, Бирото за судски вештачења годинава ќе ја намали претходно понудената цена од половина милион, па ќе следува нова продажба.

Пелистер.

„Почетната вредност беше околу 500.000 евра со обврска за купувачот да ги задржи вработените на работа најмалку две години. Сега ја чекаме новата пресметка. Откако ќе ја добиеме ќе има нов конкурс. Ќе ги информираме сите потенцијални заинтересирани страни со цел да привлечеме инвеститори. Овој хотел потоа да се реновира и обврска ќе биде да ја задржи туристичката дејност“, изјави Спасов.

Одморалиштето ќе се продава иако се уште важечки е договорот со кој во 2002 година беше издадено под закуп на приватна фирма во траење од 20 години. Ваквиот договор беше постигнат во времето кога министер за труд и социјална полиотика беше Стевче Јакимовски, сегашен актуелен градоначалник на Карпош. Под закуп беа издадени објекти и површина од 3.882 метри квадратни во срцето на Пелистер, со обврска приватникот да плаќа по едно евро од метар квадратен годишно. Во одморалиштето кое е старо триесетина години зимуваат и летуваат многу деца од цела Македонија, па неоходно е реновирање.

Во приватни раце ќе завршат и други детски одморалишта низ Македонија кои се во сопственост на државата. Неколку веќе се продадоа во изминатите години, а за да се привлечат инвеститори за останатите ќе се намали продажната цена.

„Се јавија купувачи за одморалиштето во Крушево и тоа се продаде. Исто така се продаде и еден објект во опшина Пехчево. Купувачот има обврска во одреден рок таму да отвори приватен старски дом. Остануваат уште неколку одморалишта, меѓу кои Пелистер, Николоќ во Дојран, Суви лаки во Берово и Ѓуриште во Свети Николе. Тие повторно ќе бидат понудени на продажба. Очекуваме проценки од Бирото за судски вештачења, кое согласно законот ќе ги намали проценетите вредности за одреден процент и потоа повторнпо ќе се понудат на продажба“, додаде Спасов.

Одморалиштата се наоѓаат во убави планински предели, од кои најголемиот дел се воздушни бањи.