Вевчанскиот карневал во струшко и карневалот во охридското село Куратица можат да бидат вистински туристички бренд за регионот. Карневалот во Вевчани полека прераснува во атракција за која се слуша и надвор од нашите граници. Годинава во Вевчани дојде и екипа на „Би-Би Си“ која го снимаше карневалот, што доволно говори за неговата се поголема препознатливост, вели градоначалникот Цветомир Угриноски. Тој вели дека за што поголема промоција испечатиле дополнителен број на пропаганден материјал.
Самото доаѓање на „Би-би-си“ кажува која ни е главната цел. Испечатени се нови 5.000 пасоши, нешто имавме и во залиха. Испечатени се 10.000 знамиња и 20.000 разгледници од Вевчани. Испечатени се и нови банкноти со ликот на Михаило Пупун за кого е потврдено дека е од Вевчани.Цветомир Угриноски, градоначалник на Вевчани.
„Самото доаѓање на „Би-би-си“ кажува која ни е главната цел. Испечатени се нови 5.000 пасоши, нешто имавме и во залиха. Испечатени се 10.000 знамиња и 20.000 разгледници од Вевчани. Испечатени се и нови банкноти со ликот на Михаило Пупун за кого е потврдено дека е од Вевчани“, рече Угриноски.
За ова издание Вевчани беше исполнето до последното место, но поради недоволен број на туристички капацитети, гостите беа препраќани да се сместат во хотелите во Охрид и Струга. Локалните власти велат дека овојпат поканиле и претставници на туристички агенции од земјава кои веќе од наредната година би го ставиле во своите промотивни аранжмани за Македонија и регионот за овој период од годината и карневалот.
Интересот станува голем и посетеноста на карневалот станува се поголема и поголема. И покрај карневалот и самото село добива на промоција. За тоа зборува и податокот дека изминатите години многу е зголемена посетеноста на странските туристи во Куратица.Горан Ангелоски, претседател на Месната заедница на Куратица.
На карневалот во Вевчани се обидува да му парира помалку познатиот карневал во Куратица кој веќе 17 години се одржува во исто време со вевчанскиот. Неговите организатори велат дека имаат многу планови за промоција на карневалот, но и на селото.
Горан Ангелоски претседател на Месната заедница на Куратица вели дека гласот за Куратичкиот карневал се повеќе се слуша.
„Интересот станува голем и посетеноста на карневалот станува се поголема и поголема. И покрај карневалот и самото село добива на промоција. За тоа зборува и податокот дека изминатите години многу е зголемена посетеноста на странските туристи во Куратица. Промоцијата секако дека се врши преку карневалот, интернетот и медиумите и се придонесе Куратица да стане познато село не само во Македонија туку и надвор од државата“, рече Ангелоски.
Курајчани велат дека успеваат да му парираат на Вевчанскиот карневал.
„Се работи за различни специфичности на традициите. Мислиме дека и двата карневали можат да понудат традиција, стара македонска која останала со векови. Куратица самото село опстојува од 1575 година. Парирањете со Вевчанскиот карневал, во делот на организација сме тука некаде. Сепак Вевчани е општина, а ние сме планинско село. Добро е што во Западна Македонија има два карневали кои можат да понудат многу за гостите“, вели Ангелоски.
Ангелоски вели дека планираат да почнат да го промовираат Куратица и карневалот на саеми за туризам и оти првата дестинација најверојатно би била Швајцарија, а потоа и државите од екс Југославија.