Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување и Фондот за здравственото осигурување да имаат увид во сметките на граѓаните, се предвидува во предлог законот за изменување и дополнување на Законот за банки, кој в понеделник е на прво читање на собраниската комисија за финансирање и буџет.
Сметам дека ќе претставува злоупотреба на приватноста на граѓаните затоа што овде станува збор за управна постапка.Осман Кадриу, универзитетски професор.
Според предлагачот, Владата, основна цел е да им се овозможи на овие три институции, преку пристапот до податоците со кои се стекнале банките при вршење на банкарски и други финансиски активности, да извршат проверка на податоците кои ги поднесуваат барателите – физички лица, за остварување на одредени права во постапка пред овие институции. За ова банките ќе треба да склучат меморандум за соработка со министерството, агенцијата и фондот.
Мене ми е проблем што вака широко даденото право постои голема можност да се злоупотребува.Осман Кадриу, универзитетски професор.
Професор Осман Кадриу посочува дека досега со закон можеше да се има увид во сметките на граѓаните ако тие имаат сторено кривични или противправни дела, а со овие измени тоа ќе биде дозволено и за луѓе кои бараат социјални права, а чиј број не е мал.
„Сметам дека ќе претставува злоупотреба на приватноста на граѓаните затоа што овде станува збор за управна постапка, а во управна постапка државните органи секогаш се раководат по едно начело, а тоа начелото на дискреционото право, односно тие кога ќе сметаат за потребно да може да извршат увид во конкретниот случај, а тоа кога тие ќе сметаат за потребно често пати може да премине во злоупотреба“, вели Кадриу.
Според Маргарита Цаца Николовска од Институтот за човекови права, постојат други начини со кои на овие луѓе може да им се провери имотната состојба без да се навлегува во нивната приватност. Вака, како што е наведено во предлогот, даден е многу широк дијапазон на секого да врши проверка додава таа.
„Зарем за социјална помош може да биде таква ситуацијата да странката не може да докаже дека има потреба од социјална помош за да мора и банката да се инволвира и да кажува кои се податоците во врска со ова лице. Хипотетички зборувам, ако барате социјална помош, треба да доставите доказ дека во ниедна банка немате штедни влогови и завршена е работата. Мене ми е проблем што вака широко даденото право постои голема можност да се злоупотребува“, вели Цаца Николовска.
Инаку, според досегашниот Закон за банки, документите, податоците и информациите кои се стекнати при вршење на банкарски и други активности за поединечни лица се банкарска тајна која банката мора да ја чува и заштити.