За изградба на долго најавуваните проекти автобуска станица, катна гаража и старечки дом, градските власти во Охрид ќе продавааат државно земјиште. Советничкото мнозинство на последната седница на градскиот совет донесе одлука за отуѓување на градежното неизградено земјиште, сопственост на државата, со што целата постапка може да започне.
Ние не можеме бесконечно да објавуваме огласи за јавно приватно партнерство и концесии, ако однапред знаеме дека тие нема да успеат. Ние никогаш не сме ветиле дека финансирањето на овие објекти ќе биде изведено со средства од буџетот на Општина Охрид.Никола Бакрачески, гадоначалник на Охрид.
Со ова не се согласува локалната опозицијата, според која, на овој начин беспотребно се врши раскрчмување на имотот, а власта наместо како што ветила дека овие проекти ќе ги реализира по пат на јавно приватно партнертво и со сопствени средства, сега се решила тоа да го прави на друг начин.
Градоначалникот Никола Бакрачески вели дека во разговорите кои ги имале со заинтересираните инвеститори, дошле до заклучок дека ова е наједнoставниот начин за реализација на овие инфраструктурни проекти.
„Ние не можеме бесконечно да објавуваме огласи за јавно приватно партнерство и концесии, ако однапред знаеме дека тие нема да успеат. Ние никогаш не сме ветиле дека финансирањето на овие објекти ќе биде изведено со средства од буџетот на Општина Охрид. Околу начинот за кој ние сметаме дека најлесно ќе се дојде до реализација на овие инфраструктурни проекти постоеше период од 18 месеци. Беа објавени разговори со експерти и со лица кои пројавиле интерес да влезат во инвестиции од ваков вид и сето тоа треба да содејствува со актуелниот интерес на потецијалните инвеститори“, рече Бакрачески.
Не сакаме да бидеме сведоци на донесување на една таква проклета одлука, да се откажеме од 34 парцели во градот. Прашање е, дали тие наменски ќе бидат употребени.Јован Стојаноски, координатор на СДСМ.
Седницата на која се носеше оваа одлука опозицијата ја напушти. Јован Стојаноски, координатор на СДСМ рече дека постоеле и други начин да се реализираат овие проекти.
„Одлуката е избрзана и истата не ја прифаќаме. Не сакаме да бидеме сведоци на донесување на една таква проклета одлука, да се откажеме од 34 парцели во градот. Прашање е, дали тие наменски ќе бидат употребени, кога истите ќе му бидат продадени на некој приватник, односно дали на нив приватникот ќе ги изгради предвидените објекти“, рече Јован Стојаноски, координатор на СДСМ.
Реагираа и Јоне Станкоски од ВМРО-НП и Дејан Блажески од ЛДП.
„Зошто мора државното земјиште кое е дадено на располагање на општина Охрид да биде дадено на продажба, кога најавите на градоначалникот беа дека овие три проекти ќе се реализираат со јавно приватно партнерство. Која беше причината да сега се оди кон продажба на градежно земјиште? Дали имаме инвеститори во најава кои што можеби поставуваат услов, ако земјиштето го добиеме како наше тогаш ќе одиме кон изградба на овие три објекти. Значи предвреме вие ги знаете кои ќе се инвеститорите кои што бараат земјиштето да биде во нивна сопственост“, рече Јоне Станкоски, советник на ВМРО – НП.
„Плашејки се од злоупотреба и уште повеќе плашејки се дека на приватно земјиште ќе се гради објект од јавен интерес, ова е неприфатливо за мене, а уште повеќе што со ова го раскрчмуваме имотот на Македонија, односно на граѓаните“, рече Дејан Блажевски, советник од ЛДП.
Почетната цена за откуп на земјиштето каде треба да се гради старечкиот дом е 1393 денари, 1543 денари за катната гаража и 3170 денари за изградба на автобуската станица. Земјиштето кое ќе се продава е строго наменето за овие три објекти и во тендерската документација ќе се наведат роковите за изградба на истите велат од ВМРО-ДПМНЕ.