Во време кога животот на голем дел од граѓаните се сведува на секојдневна борба за преживување и да се обезбеди подобра иднина за следните генерации, нивното слободно време за пред телевизор веќе долго време го „обојуваат“ телевизиските сапуници и информативни програми. Дали како утеха или бегство од проблемите кои ги мачат, граѓаните се одлучуваат да ја живеат судбина на јунаците од тв сериите. Во ваква атмосфера, скопјани ги прашавме што е она што ги радува и кога последен пат се насмеале. Добивме интересни одговори.
Нема нешто многу што не радува, кризата, сметките, сето тоа придонесува да нема радост.Анкетиран граѓанин.
„Нема нешто многу што не радува, кризата, сметките, сето тоа придонесува да нема радост.“
„Мислам дека глобално земено престанавме да се смееме, а секој треба во своето катче да си пронаоѓа барем трошка среќа за овие празници во рамките на семејството.“
„Треба да се смееме, да се радуваме на животот, сепак парите битни се, но тоа е тоа.“
„Некогаш навистина забораваме да се смееме, меѓутоа тука се семејството, децата да не насмеат, да не расположат покрај овие кризи и нервози.“
Луѓето се смеат, луѓето доаѓаат во театар, не е дека ќе доаѓаат, меѓутоа правите теми, правите проблеми ги нема никаде, ги нема на телевизија, ги нема на театар.Слободан Унковски, режисер .
„Се смеам стално, таква ми беше професијата, со деца работев, постојано се смеев, стално сум насмеана, но многу сум тажна кога одам на лекар.“
Анкетата со случајните минувачи покажа дека луѓето преку смеа се обидуваат да заборават на секојдневните проблеми. Велат дека повеќе од се би сакале програма која може да ги насмее и да ја тргне политиката далеку од нивните животи.
„Да треба да има малку повеќе хумор на телевизија, да има повеќе расположение, отколку тие турски серии.“
„Не слушаме политика, затоа што многу лажат. Може К-15 да не насмеат и тие такви работи.“
И покрај се, луѓето наоѓаат време за театарска претстава која може да ги насмее, вели познатиот театарски режисер Слободан Унковски. Но вели дека вистинските теми кои треба да се обработат ги нема ниту во театарот, ниту во телевизиските програми.
Празниците се моментот, времето кога човекот сепак малку се чувствува порелаксирано, па се посветува и на себе си и на другите.Ѓорги Тоновски, социолог.
„Луѓето се смеат, луѓето доаѓаат во театар, не е дека ќе доаѓаат, меѓутоа правите теми, правите проблеми ги нема никаде, ги нема на телевизија, ги нема на театар, имаме нешто што се измиено, нешто што е генерално, така да ја нема артикулацијата на суштината на нашиот живот тука.“
Социологот Ѓорги Тоновски пак вели дека сиромаштијата е најтешкиот облик на човечко оттуѓување. Иако е тоа болест од која секој сака да избега, реалноста е поинаква, вели Тоновски, но од друга страна додава дека празниците ја имаат магијата да ги сплотат луѓето и да измамат насмевка на нивните лица.
„Празниците се моментот, времето кога човекот сепак малку се чувствува порелаксирано, па се посветува и на себе си и на другите, изнаоѓа и некакви начини, решенија за да го поправи своето расположение, да се осврне и кон поубавите страни на животот“, изјави Тоновски.