Има уште работа на односот полиција - граѓани

Во последните години има подобрување на соработката меѓу полицијата и граѓаните, но има загриженост за личната безбедност, покажува најновото истражување на јавното мнение за полициското работење на агенцијата Рејтинг.

Иако довербата на граѓаните во полициското работење бележи позитивен тренд во однос на претходните години, соработката меѓу полицијата и граѓаните и натаму треба да се унапредува. Ова го покажува најновото истражување на јавното мнение за полициското работење на агенцијата Рејтинг. Меѓудругото, резултатите од истражувањето покажале дека се уште има простор за подобрување на работењето на локалните советодавни групи и совети на граѓани. Но, она што треба да биде фокус на работа на полицијата во идниот период се прашањата за личната безбедност, истакнува Никола Спасов од агенцијата Рејтинг.

Покажува нешто повисок процент на засегнати граѓани за личната безбедност и на крајот иако има подобрување во односна перцепцијата меѓу различните етнички заедници, Албанците и Македонците, се уште постои дискрепанца во довербата и соработката на полицијата и етничките заедници која има простор да се подобрува.
Никола Спасов, Агенција Рејтинг.

„Покажува нешто повисок процент на засегнати граѓани за личната безбедност и на крајот иако има подобрување во односна перцепцијата меѓу различните етнички заедници, Албанците и Македонците, се уште постои дискрепанца во довербата и соработката на полицијата и етничките заедници која има простор да се подобрува.“

Почнувајќи од 2008 година процентот на граѓани задоволни од полициското работење е зголемен за близу 20 проценти, односно денеска 51, 5 отсто од граѓаните искажале задоволство од работењето на полицијата, заклучи министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Довербата кон полицијата е зголемена од 41, 4 проценти на 64, 2 проценти во однос на 2004 година, рече Јанкулоска ,според која, Македонија го надминува европскиот просек на доверба на граѓаните во полицијата. Јанкулоска се осврна и на темите на кои треба да бидат насочени напорите на полицијата.

Како еден вид константа се јавува загриженоста на граѓаните од почитувањето на правилата и прописите во сообраќајот. Како второ рангирана е загриженоста на граѓаните од кражби.
Гордана Јанкулоска, министер за внатрешни работи.

„Како еден вид константа се јавува загриженоста на граѓаните од почитувањето на правилата и прописите во сообраќајот. Како второ рангирана е загриженоста на граѓаните од кражби, следат грижите околу продавање на дрога, разбојништво, малолетничка деликвенција, вандализам, семејно насилство и проституција.“

Од мисијата на ОБСЕ, на чија иницијатива се прави истражувањето нагласуваат дека успешноста на ефикасното полициско работење во соработка со заедницата се заснова на помошта и поддршката од заедницата. Шефот на мисијата на ОБСЕ, амбасадорот Ралф Брет вели дека истражувањето обезбедува јасни показатели за успешноста на модернизацијата на полицијата, но и идентификација на идни активности за решавање на најгорливите прашања за граѓаните од повеќе етнички заедници во земјата.

Важно е барањето на граѓаните за поголемо присуство на полициски службеници на терен, посебно во руралните средини каде е слаба покриеноста со полициско присуство што пак главно се должи на недостигот на службени возила во секторите за внатрешни работи.
Ралф Брет, амбасадор на ОБСЕ во Македонија.

„Беше забележано дека локалните совети за превенција не се состануваат редовно во поголем дел од општините. Затоа предлагаме да се направат измени во законот за полиција со кои таа задолжително ќе го презентира и дискутира извештајот со локалната самоуправа. Понатаму секоја од општините да го добива извештајот и да биде информирана за безбедносната ситуација на нејзината територија, а потребно е и секој сектор за внатрешни работи да располага со одредена сума на финансиски средства. И конечно, важно е барањето на граѓаните за поголемо присуство на полициски службеници на терен, посебно во руралните средини каде е слаба покриеноста со полициско присуство што пак главно се должи на недостигот на службени возила во секторите за внатрешни работи“, изјави Брет.

Со ова истражување биле опфатени 2600 граѓани и 500 вработени во полицијата, а истото е во согласност со демографската структура на државата во поглед на пол, етничка припадност, распространетост на населението и возраст. Истражувањето се состоело од квантитативен дел спроведен во форма на прашалник и квалитативна проценка базирана на податоците добиени од фокус групите.