Тешко на тој што излегол од дома по снегот

Сообраќаен метеж, неисчистени улици и тротоари, смрзнати потници... Снегот пак изненади во декември.

Снегот иако најавуван со недели однапред ги донесе првите проблеми, бидејќи градските власти не се организираа на најдобар начин за да ги избегнат последиците. Целата механизација и комуналните претпријатија се ангажирани на чистење на снегот само на улиците кои се од главен приоритет, а ситуацијата на останатите улици каде синоќа и изутрината имаше сообраќаен метеж, дури од претпладнето е подобра. Возилата на зимската служба синоќа во неколку наврати поминуваа низ главните улици кои мораа да бидат исчистени, но неисчистените тротоари им го отежнаа движењето на многу пешаци.

Освен главните улици, ништо друго не е исчистено, ниту центарот е исчистен, трагично е да се оди по вакви улици, по мразот.
Анкетира граѓанин.

„Освен главните улици, ништо друго не е исчистено, ниту центарот е исчистен, трагично е да се оди по вакви улици, по мразот.“

„Снегот по тротоарите не беше исчистен, треба Комунална хигиена итно да преземе мерки, да се расчисти.“

„Кашата што се прави откако ќе се фрли сол, малку нервира и ако си пешак се правиш лом, тоа не е во ред, треба чисталките да поминат и да се тргне тоа на страна.“

„Да беше малку поладно и да вееше повеќе ќе задоцневме на работа или ќе требаше пешки да одиме до работа.“

Помал застој имаше на некои линии во градот каде луѓето чекаа подолго од вообичаено, бидејќи автобусите беа преполни со патници, а такси превозниците работеа со намален интензитет и граѓаните не беа опслужувани навреме.

Многу поголеми потешкотии имаше на неколку локални линии кои возат од внатрешноста кон Скопје и истите поради снегот беа продолжени за по еден час повеќе.

Побелено Скопје

Патувавме од Прилеп со воз. Патувавме три часа, иако нормално требаше да стигнеме за два часа. Беше премногу ладно, бидејќи немаше парно, три часа така се возевме без парно, измрзнавме. А гледам дека и тука е така, се е заледено и тешко на тој што нема добри чизми.
Анкетиран граѓанин.

„Многу лошо, јас сум од Пробиштип, 3,5 часа патувавме од Пробиштип до Скопје, не се исчистени улиците, не се преземени мерки.“

Поинаков проблем имаше едно семејство од Прилеп кое се пожали дека немало греење во јавниот превоз иако патувале неколку часа.

„Патувавме од Прилеп со воз. Патувавме три часа, иако нормално требаше да стигнеме за два часа. Беше премногу ладно, бидејќи немаше парно, три часа така се возевме без парно, измрзнавме. А гледам дека и тука е така, се е заледено и тешко на тој што нема добри чизми.“

Истиот проблем со заледени површини го има и плоштадот во Скопје и Градскиот трговски центар каде тимовите не реагираа од рано изутрината.

„Веќе е пладне, а уште не е исчистено, а чистат во ГТЦ таму кадешто не паднал снег, во внатрешноста. Ние работиме во банка, а чистиме снег, зошто некој ќе падне ќе се повреди и ќе биде многу лошо.“

„ И на плоштад се лизга, и таму треба да се исчисти, но веројатно властите знаат кои се приоритетите.“

Луѓето порачуваат дека градските власти треба подобро да се организираат бидејќи ни претстојат ледени денови со температури од минус 17 степени во текот на ноќта најдобро за постарите лица во наредните ледени денови да избегнуваат излегување на улица за да избегнат евентуални повреди.