Учениците да се пуштат на одмор, да се забрани градежната механизација и Владата да забранува, а не да препорачува, рече Јани Макрадули од СДСМ, како претставник на предлагачите на Информацијата за загадувањето во Скопје, која се најде на собраниска седница.
Макрадули вели дека владата одвојува многу малку пари за животна средина.
„Од сите владини програми, сумата за животна средина е најмала. Значи повеќе имате за реформа во јавна администрација, информатика, јакнење на владеење на правото, замислете кој апсурд, а најмалку за заштита на животната средина.“
Макрадули покажа фотографии од градежните работи на трите објекти кои, според него, ги гради Владата во близина на Собранието и покрај актуелните мерки за забрана. Според него сето тоа се бизнис интереси, кои се ставаат пред здравјето на луѓето.
Пратеникот Благоја Стојановски од СДСМ, вели дека Владата наместо
да каже конкретни мерки, чека да завее снег и да дувне ветер. За да се преземат вистински мерки, треба да се лоцира главниот загадувач, а тоа е индустријата, вели Стојановски.
„Вие не можете да чекате на господ да чекате нешто да се случи, се работи за рекордни високи концентрации, а во јануари ќе биде уште полошо.“
Пратеникот Александар Спасеновски од ВМРО-ДПМНЕ од името на владејачкото мнозинство ја поздрави расправата на оваа тема, како што вели, надпартиска и надидеолошка, која е битна за сите, а која не се спаѓа во тн. тешки теми како ЕУ, НАТО, името, меѓуетничките односи. Тој вели дека не само Скопје, туку и многу други европски метрополи се загадени. Спасеновски вели дека загаденоста е децениски проблем и предизвик со кој ќе се соочуваме уште долго време.
За министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми овој проблем е заеднички и бара ангажман на секој без оглед во која институција се наоѓа.
Поради алармантната состојба со загаденоста на воздухот, претходно Адеми и претставници од Министерството за животна средина се состанаа со невладиниот сектор. Невладините организации бараат забрана на сообраќајот во централното градско подрачје, возилата да се движат по принципот пар-непар, воведување на бесплатен јавен превоз во рок од една недела за сите граѓани, градежната сезона да не трае 12 месеци. Тие препорачуваат таксите за еколошка дозвола да се повисоки, бараат поголема контрола на техничкиот преглед на возилата, како и враќање на фондот за животна средина.
Мерките на Владата ќе важат до утре, кога се очекува подобрување на метеролошките услови. Ако состојбата со загадувањето и понатаму е алармантна, ќе следуваат порадикални мерки, но не на штета на граѓаните, вели Адеми.
„Без разлика дали мерките ќе бидат на сила, ние ќе треба понатаму да работиме заедно барем свеста да се менува кај граѓаните, околу користење на возилата, јавниот транспорт.“
Доколку маглата остане, на сила ќе стапи одлуката да се истура калциум магнезиум ацетат на асфалтните површини, за да може да се залепат честичките од загадениот воздухот на асфалтот за да не можат повторно да циркулираат во воздухот.
Од невладините велат дека разговорите за воздухот се актуелни секоја година, бидејќи ништо не се презема, и затоа бараат конкретно да се дејствува.
„Воздухот сега јасно ни покажува што се случува, можеби не веднаш, но за година, две, пет, десет, кога не се размислува системски и кога се прават превиди и дупки во таква крупна работа како загадување“, вели Искра Стојковска од еколошката организација Фронт.
Од сите владини програми, сумата за животна средина е најмала. Значи повеќе имате за реформа во јавна администрација, информатика, јакнење на владеење на правото.Јани Макрадули, СДСМ.
Макрадули вели дека владата одвојува многу малку пари за животна средина.
„Од сите владини програми, сумата за животна средина е најмала. Значи повеќе имате за реформа во јавна администрација, информатика, јакнење на владеење на правото, замислете кој апсурд, а најмалку за заштита на животната средина.“
Макрадули покажа фотографии од градежните работи на трите објекти кои, според него, ги гради Владата во близина на Собранието и покрај актуелните мерки за забрана. Според него сето тоа се бизнис интереси, кои се ставаат пред здравјето на луѓето.
Пратеникот Благоја Стојановски од СДСМ, вели дека Владата наместо
Без разлика дали мерките ќе бидат на сила, ние ќе треба понатаму да работиме заедно барем свеста да се менува кај граѓаните, околу користење на возилата, јавниот транспорт.Абдулаким Адеми, министер за животна средина.
„Вие не можете да чекате на господ да чекате нешто да се случи, се работи за рекордни високи концентрации, а во јануари ќе биде уште полошо.“
Пратеникот Александар Спасеновски од ВМРО-ДПМНЕ од името на владејачкото мнозинство ја поздрави расправата на оваа тема, како што вели, надпартиска и надидеолошка, која е битна за сите, а која не се спаѓа во тн. тешки теми како ЕУ, НАТО, името, меѓуетничките односи. Тој вели дека не само Скопје, туку и многу други европски метрополи се загадени. Спасеновски вели дека загаденоста е децениски проблем и предизвик со кој ќе се соочуваме уште долго време.
Воздухот сега јасно ни покажува што се случува, можеби не веднаш, но за година, две, пет, десет, кога не се размислува системски и кога се прават превиди и дупки во таква крупна работа како загадување.Искра Стојковска, еколошката организација Фронт.