Како што напиша еден колумнист дека декемвриското сонце пак изгреа, ама не нè огреа, алудирајќи на изјавата на премиерот Груевски, така и се случи: „Србија доби преговори, Македонија загриженост“ - насловува Утрински во најновиот број, по состанокот на Советот за општи работи на Унијата во Брисел. Весникот додава дека Македонија ќе добиела и дополнителни забелешки и условувања и дека „ЕУ ќе се врати на ова прашање во 2014 година“. Дневник исто така објавува дека „Предлогот за отворање преговори со Македонија ќе се разгледа идната година“.
Вечер го објавува интервјуто на Груевски за австриски Ди пресе, ставајќи ги во наслов неговите зборови дека „Самарас е креатор на проблемот“.
„Буџетот во завршна расправа“ - информира Утрински, појаснувајќи дека наредниве денови пратениците од власта и од опозицијата ги кршат копјата за државната каса и за економските политики. Нова Македонија исто така ја третира оваа тема: „Пратениците од владејачкото мнозинство сметаат дека буџетот за идната година е развоен, а од друга страна, опозицијата смета дека буџетот не нуди развој и дека во Македонија се живее во сиромаштија“ - пишува весникот, одејќи со наслов како сублимат на опозициските забелешки: „Ако Владата нуди развој, зошто Македонците си одат?“
Вечер со фалби за владините економски политики по сопствените анализи за досега најавените странски инвестиции: „Се намалува невработеноста во земјава - Инвестицискиот бум ќе отвори 10.000 нови работни места!“, пишува Вечер.
„Седете дома и обидете се да не дишете“ - ја насловува Утрински информацијата за преголемата загаденост на воздухот во Скопје и во уште неколку градови во земјава, наведувајќи дека повеќе од 70 проценти од над 400 илјади возила регистрирани во земјава минатата година, не задоволуваат никаков еколошки стандард. Дневник информира за преземените мерки од Владата: „Донесени мерки за Скопје, Тетово, Битола и за Кичево - бремените жени да останат дома, улиците интензивно да се мијат“. Утрински, во друг број, оди со наслов: „Крива е ружата на ветровите - Скопје се задушува во отровен воздух, а никој не нуди решение, туку апсурдни мерки“. Во врска со истиот проблем, Нова Македонија насловува: „Сите дишеме смог и чад, а мери кој стигне“ - наведувајќи дека „државата нема единствен систем на контрола на загадувањата, како што е случај во други земји од Европа, туку мерењето се одвива во мали, често приватни, лаборатории со по два-тројца вработени“.
Србија доби преговори, Македонија загриженост.Утрински весник.
Вечер го објавува интервјуто на Груевски за австриски Ди пресе, ставајќи ги во наслов неговите зборови дека „Самарас е креатор на проблемот“.
Донесени мерки за Скопје, Тетово, Битола и за Кичево - бремените жени да останат дома, улиците интензивно да се мијат.Дневник.