Речиси сме на излезот од изминатава година, период исполнет со премрежија, политички земјотреси, избори како и секогаш, но покрај сè, годинава најмногу ќе се памети по младинското будење, екот на гласот на младите кој се слуша особено гласно последниве два месеци. И додека младите го дигаат гласот против штетните политики, некој си зема за право да етикетира, да бара виновници во некакви „опозициски кругови“, некој, пак, не правејќи разлика помеѓу партиските и општествените политики ги карактеризира студентите т.е. младите како политички мотивирани.
Ме интересира како господата од владата го гледаат процесот на граѓанско активирање на младите, односно како би ги интегрирале младите во процесот на донесување одлуки на локално и национално ниво ако не се политички мотивирани?!
Ме интересира како господата од владата го гледаат процесот на граѓанско активирање на младите, односно како би ги интегрирале младите во процесот на донесување одлуки на локално и национално ниво ако не се политички мотивирани?!
Нели е малку контрадикторно да се манипулира со зборот „политика“ и да се етикетира нечие право на избор? Па младите сево ова време токму за тоа и се борат, да добијат и можност и имплементација на правото самите да одлучуваат за своите интереси. Тука се младите кои членуваат во студентски движења, средношколски движења, младински организации, здруженија на граѓани, партиски подмладоци, тука станува збор за сите млади.
Не гледајќи го излезот од ќорсокакот во кој самите влеговте, нижите нови грешки за кои порано или подоцна ќе мора да си платите, а младите тоа најдобро го гледаат и чувствуваат, врз себе.
Не сакам да зборувам за нешто што веќе стопати е кажано и прекажано, сакав да апелирам, не само до студентите кои веќе го унапредуваат процесот врз основа на ослободување од оковите кои ги нафрлаат токму штетните политики, потоа преку формирање движења преку кои ќе се борат за правата на студентите и нивните интересни цели и проблеми настрана од веќе постоечката организација која око не ѝ трепнува ниту за студентите, а богами и проблемите кои ги има на претек, туку и до средношколците кои утре ќе бидат следни студенти, следната интелигенција, чекор по чекор да го креваат својот глас, да воспоставуваат солидарна мрежа помеѓу себе и да бидат единствените кои треба да одлучуваат за интересите на учениците.
Докажавме дека единствено слободната мисла и целите зад кои застанаа илјадници млади, можат да го разбудат она што со години наназад намерно го заспиваа токму тие кои денеска ништо не работаат освен што чкртаат црвени крукчиња по провладините медиуми.
Докажавме дека имаме сила, покажавме дека можеме да се бориме за своите елементарни права, докажавме дека единствено слободната мисла и целите зад кои застанаа илјадници млади, можат да го разбудат она што со години наназад намерно го заспиваа токму тие кои денеска ништо не работаат освен што чкртаат црвени крукчиња по провладините медиуми.
Нека оваа година се памети токму по Нас, младите, по слободните мисли, непопустливоста и решеноста да се поправи и подобри расипаното општество во кое денес преживуваме и нека ова биде поттикот, импулсот, мотивацијата за продолжување на борбата по она за кое некој многу одамна ја започнал, а тоа е токму СЛОБОДАТА!
Само здружени млади можат да издејствуваат промена во општеството.
Нека им е среќна претстојната 2015 година на сите млади, година во која токму младите ќе се гордеат на своето дело, а идните генерации со уште поголем елан ќе го надградат она што ние го почнавме сега.