Желби за 2015 - Здравје и вработувања за себе и паметни луѓе за државата

Секоја година има се помалку ентузијазам поради лошата социјално-економска состојба во која се наоѓаат, велат граѓаните. Очекувањата на граѓаните на личен план им се повеќе пари, здравје, среќа и вработување, а на општествен да има напредок на секое поле.

Направи некого среќен овие празници, е една од рекламите кои се вратат на медиумите пред прославата на Нова година и Божиќ, која не потсетува дека треба да направиме нешто убаво за оние кои најмногу ни значат и со кои го поминуваме нашето секојдневие. На рекламата е прикажано дека со некој подарок за време на празниците ќе успееме да измамиме насмевка од најблиските, а со тоа ќе ги направиме и посреќни барем за миг. Среќата некако е најприсутна на новогодишните празници. Проблемите барем тие денови се оставаат настрана и се забораваат, а граѓаните уживаат во атмосферата.

Порано повеќе се славеше

Во овој период од годината се е во духот на празниците, а магијата е надополнета со украсите на улиците, излозите на продавниците, зградите и домовите. Дека се ближи прославата се чувствува по раздвиженоста особено низ центарот на градот, но лицата на граѓаните, барем на оние кои ги анкетиравме не беа насмеани. Тие велат дека секоја година се повеќе се губи празничната атмосфера и желбата за славење.

Има, а и нема, ми се чини дека порано многу повеќе се славеше, народот беше позадоволен.
Анкетиран граѓанин.

„Оваа година е никако, воопшто не ја чувствувам таа новогодишна атмосфера.“

„Има, а и нема, ми се чини дека порано многу повеќе се славеше, народот беше позадоволен.“

„Слабо некако народ, не знам зошто вака? Другпат било повеќе.“

„Преубаво е, има новогодишна атмосфера, луѓето се весели и се расположени, најмногу младите.“

Македонија според Индексот на среќа на магазинот „MoveHub” се наоѓа на дното на Балканот, како и во Европа и во светот. Земјата се најде на 143-тото место од вкупно 151 земја во која се мери благосостојбата на жителите. Македонија се најде во групата со Бахреин, Того, Катар и Гвинеја. Ако како што вели рекламата подари му нешто на некој што ти значи и притоа направи го среќен тогаш причината, како што велат анкетираните за недостигот на ентузијазмот пред празниците е всушност недостигот на пари. Нивната социјално-економска состојба, сиромаштијата и невработеноста велат си го прават своето.

Има многу незадоволни луѓе, немаат примања и за нив не е важно дале е Нова година, дали е празник. Ми се чини дека порано повеќе се славеше, народот беше позадоволен.
Анкетиран граѓанин.

„Се чувствува дека луѓето немаат, а некои премногу си дозволуваат.“

„Има многу незадоволни луѓе, немаат примања и за нив не е важно дале е Нова година, дали е празник. Ми се чини дека порано повеќе се славеше, народот беше позадоволен.“

„Мали пензии и плати, големи давачки кон државата и не ни останува ништо друго.“

„Се помалку и помалку има млади, а без млади нема ни расположение.“

Колку пари, толку музика

Економската основа на општество влијае на некој начин на целокупниот духовен и општествен живот, тоа е една стара марксова парадигма, меѓутоа која е актуелна и ден денеска – Луѓето кои се сиромашни немаат време и немаат претстава за добрите нешта, тие на некој начин се бават и имаат проблеми со своите егзистенцијални потреби и на тој начин се обидуваат скромно да ги пречекаат празниците.
Хасан Јашари, социолог.

Стапката на сиромашни лица во Македонија, според објавените податоци на Државниот завод за статистика, во 2012 година изнесувала 26,2 проценти. Стапката бележи намалување во однос на претходните години кога изнесувала 26,8 проценти во 2011 и 27 проценти во 2010 година. Според објавените податоци, бројот на лица кои живееле под прагот на сиромаштија во 2012 година изнесувал околу 540 илјади. Тоа значи дека секој четври Македонец е сиромашен. Речиси 40 проценти од луѓето во земјава имаат тешкотии да ги платат сметки и имаат проблеми при плаќање кредити, според последните актуелни податоци на Заводот за статистика. Во таа категорија спаѓаат отприлика осумстотини илјади луѓе во државата. Според податоците на Агенцијата за вработување во ноември годинава бројката на невработени лица изнесува 224 425. Социологот Хасан Јашари вели дека социјално-економската состојба секако влијае на празничното расположение.

„Со оглед на фактот дека економската основа на општество влијае на некој начин на целокупниот духовен и општествен живот, тоа е една стара марксова парадигма, меѓутоа која е актуелна и ден денеска – Луѓето кои се сиромашни немаат време и немаат претстава за добрите нешта, тие на некој начин се бават и имаат проблеми со своите егзистенцијални потреби и на тој начин се обидуваат скромно да ги пречекаат празниците.“

Задоволство или тегобност

Социологот Илија Ацевски вели дека да се празнува значи човекот да доживее нешто несекојдневно. Според него да се празнува во време на криза и во услови кога недостасуваат многу материјални нешта може да предизвика кај човекот чувство дека празникот не е тоа што би требало да биде, односно носи тегобност и тешкотија.

Новогодишна атмосфера во Скопје

Кризата го носи тој елемент, иако луѓето, барем на овие простори и кога празнувале, секогаш го чувствуваат тоа како едно задоволство во животот и декатука секој недостаток, секој проблем во тој момент треба да се заборави, треба да се мисли на убави нешта, треба да се мисли за добрите страни на животот, во таа смислам празникот ја имаа таа функција.
Илија Ацески, социолог.

„Кризата го носи тој елемент, иако луѓето, барем на овие простори и кога празнувале, секогаш го чувствуваат тоа како едно задоволство во животот и декатука секој недостаток, секој проблем во тој момент треба да се заборави, треба да се мисли на убави нешта, треба да се мисли за добрите страни на животот, во таа смислам празникот ја имаа таа функција.“

Тоа, додава Ацевски, во околности кога луѓето постојано се под притисок од кризата во економска и материјална смисла ја губат таа димензија на празнување.

„Ја губи таа димензија на опуштеност, ја губи таа димензија на сеќавање или на меморирање на оние моменти кои се најдобри во животот,кои се случуваат во овој момент или ќе се случат во иднина, во тој контекст празникот е нешто што така треба да се доживува.“

Секоја година е се полошо, затоа младите бегаме во странство, на државата лошо и се пишува. Јас заминувам за Америка, за Македонија баш немам никаков план.
Анкетиран граѓанин.

Дека граѓаните планираат скромно да ја прослават најлудата ноќ говори и фактот што повеќето велат дека ќе останат дома со најблиските или ќе слават на плоштад.

Здравје да има, па за друго....

Најчесто на испраќањето на старата година луѓето се преиспитуваат што направиле и што очекуваат од новата, како и тоа какви цели за остварување ќе си постават. Она што секој го посакува за себе и своите најблиски е добро здравје, спокој и мирен живот. Сите кои ги прашавме за новогодишните желби во следната година ни одговорија дека сакаат пристојни плати, повисок стандард, нови работни места и помалку сиромаштија. Некои пак како припадниците на помладата популација велат дека им е доста од се и се решиле среќата да ја побараат во друга земја и таму да си ја градат иднината и да си ги остваруваат желбите.

„Очекувам како и секоја година што се очекува, по нешто да има, и љубов и здравје и работа и среќа и се.“

„На приватен план сакам да напредувам во струката во која што си работам еве една година.“

На државата да и посакам се подобро и паметни луѓе на клучни места, тоа е иднината.
Анкетиран граѓанин.

„Посакува да им биде подобро на младите, на децата, да има повеќе вработувања за младите да не си одат од земјата, да бидат среќни и весели како што бевме ние едно време.“

„Очекувам да се вработам, тоа е, и да сме здрави и живи.“

Протест на студенти пред Владата.

„Секоја година е се полошо, затоа младите бегаме во странство, на државата лошо и се пишува. Јас заминувам за Америка, за Македонија баш немам никаков план.“

Јашари вели дека луѓето никогаш целосно не ги напушта надежта за подобро утре.

„Меѓутоа тоа кај нас веќе со години се одолжува, се ветува нешто, но не се реализира во практика или делумно се реализира и тоа создава една општествена депресија.“

Според Ацески, се повеќе недостасуваат тие свечени моменти кои треба поединецот да го ослободат од стегите за да заборави на лошите моменти и постојано својата енергија да ја насочува во иднината и на она што треба да се случи наредната година.

На државата и требаат паметни луѓе на клучни места

Освен што посакуваат на личен план ги прашавме граѓаните што очекуваат од државата и власта во наредната година. Нивните желби всушност се судираат со она што и всушност го бараат од државата, односно развој во сите сфери и на секое поле.

„Да се развива државата, да оти напред на економски план, на културен.“

„Да ги спроведат ветувањата што ги имаат дадено, да воведат иновации во работењето на институциите, социјални служби, судови. Сите закони и прописи да се спроведуваат како што треба, а ако не се почитуваат веднаш да има санкции, а не да се чека судски процес којшто ќе трае со години.“

„На државата да и посакам се подобро и паметни луѓе на клучни места, тоа е иднината.“

„Повеќе треба да се слушне гласот на народот , особено на студентите сега што е актуелно.“

Јашари смета дека човекот се адаптира и се снаоѓа и во потешки ситуации и оптимизам секогаш има, но државата и владата треба да биде повеќе лојална кон граѓаните.

„Да се грижи со мерките за социјална правда и со јавните политики за најзагрозениот дел од општеството да најде начин пред празниците да ги поддржи.“

Тој додава дека за општествената депресија одговорна е владата.

„Тие имаат можности да ги решат егзистенцијалните проблеми на граѓаните и да се подобри тој севкупен граѓански оптимизам, да се подобрат граѓанските перспективи, особено на помладата генерација.“

Неизоставен дел од празничната атмосфера се и новогодишните честитки од политичарите во кои ќе се слушнат оценките за изминатата година, а традиционално и ветувања за посветла иднина и побериќетна наредна 2015. Секако како и секоја година во нивните говори ќе бидат содржани и очекувањата на граѓаните, но дали ќе бидат исполнети ќе покаже времето. Едно е сигурно обврска на владата е да посвети внимание на желбите на граѓаните, бидејќи тие ги избрале и им изгласале доверба со цел да им обезбедат подобри услови за живот.