Епилогот од денешната дебата на Министерството за образование им донесе големо разочарување на студентите, зошто во последен момент беше сменето место на нејзиното одржување, а и темата за која се очекуваше да се дебатира.
„Десет илјади студенти излегоа на улиците, десет илјади студенти кажаа „не“ за државните испити, десет илјади студенти даваат легитимитет да не се оди воопшто во дискусија за државни испити. Каква е оваа дебата? Уште е ова? Постфестум дебата на која ќе бидат соопштени веќе однесените одлуки и предлог закон на власта?“, изјавиДарко Малиновски, Студентски пленум.
Откако студентите се организираа и непоканети да учествуваат во јавната расправа за државниот испит во високото образование, дебатата е преместена од Педагошкиот факултет во Министерството за образование и наука.
Од Студентскиот пленум кажуват дека е несватливо и аспуродно ваквото однесување на Министерството за образовавие и иако не поканети одлучија да бидат присутни бидејќи сакаат да бидат активни чинители за нешто што се однесува на нивната судбина која сакаат да ја земат во свои раце не само на протести туку и на лице место каде што се креираат политиките. Затоа кога видоа дека власта не сака тие да учествуваат, во оваа дебата, пешки се упатија кон Министерството за образование.
„Десет илјади студенти излегоа на улиците, десет илјади студенти кажаа „не“ за државните испити, десет илјади студенти даваат легитимитет да не се оди воопшто во дискусија за државни испити. Каква е оваа дебата? Уште е ова? Постфестум дебата на која ќе бидат соопштени веќе однесените одлуки и предлог закон на власта?“, изјави Дарко Малиновски од Студентскиот пленум.
Добивме јавно од студентите дека сакаат да упаднат на средбата, што мислам дека е недолично за студентите да дојдат непоканети, затоа што ние денеска дискутираме за реформа на педагошките факултети. Ќе организираме и веќе организираме дебати, ќе бидат поканети сите и со сите ќе разговараме за овие решенија.Абдилаќим Адеми, министер за образование и наука.
Додека студентите го чекаат министерот пред зградата на Министерството да им каже зошто продолжува игнорантскиот однос на владата во поглед на реформите во образованието во Министерството се одржуваше состанок на министерот со деканите на педогошките факултети зад затворени врати.
Министерот Абдилаќим Адеми изјави дека дебатата се однесувала на реформи на педагошките факултети, но дека сепак адресата на нејзиното одржување била сменета во последен момент.
„Добивме јавно од студентите дека сакаат да упаднат на средбата, што мислам дека е недолично за студентите да дојдат непоканети, затоа што ние денеска дискутираме за реформа на педагошките факултети. Ќе организираме и веќе организираме дебати, ќе бидат поканети сите и со сите ќе разговараме за овие решенија.“
Инаку денеска Студентскиот пленум ја повика и дел до јавноста да присуствува и се увери колку дебатите што ги организира Министерство е вистински јавна.
Професорката Синоличка Трпкова од Академијата за Драмски уметности дојде пред заградата на Министерството бидејќи смета дека образованието е стожер на една земја, а без студенти да се донесуваат одлуки кои се однесуваат за нив е апсурдно.
„Треба сите оние што се директно засегнати да бидат поканети, затоа што за нив се однесува, тоа е судбина за студентите, така што се работи за нив, се работи за нас, се работи за нашата земја, затоа што образованието е стожерот на нашата земја, а без студенти да се донесуваат одлуки е просто апсурдно“, вели Трпкова.
Откатко дел од факултетите почнаа да го отфрлат предлогот за државниот испит категорично, професорката Трпкова вели дека последниот масовен протест на студентите го разбира како протест кон црно белиот свет во кој живееме во последните 23 години.