Власта избегнува соочување со студентите

На дебата за државниот испит не се поканети студентите, но тие ќе одат, оти како што велат, ќе се говори за нивната судбина.

Игнорантскиот однос на владата продолжува во поглед на реформите во образованието со последната постапка со која студентите кои најмногу требаше да бидат присутни не беа поканети на денешната дебата на Педагошкиот факултет, околу државниот испит. Од студентскиот пленум кажуваат дека несватливо и апсурдно е ваквото однесување на Министерството за образование и иако не поканети одлучија да бидат присутни бидејќи сакаат да бидат активни чинители за нешто што се однесува на нивната судбина која сакаат да ја земат во свои раце, не само на протести туку и на лице место каде што се креираат политиките.

Власта не е храбра и моќна како што се чини, поради фактот што избегнува соочување со барањата кои се легитимни и аргументирани, тогаш ќе настане легитимациска криза, односно ќе се постави прашањето ако не владата, тогаш кој е надлежен да ни ги одговори барањата.
Владимир Делов, Студентски пленум.

Владимир Делов од Студентскиот пленум денеска со коментар дека најсилното оружје на владата е избегнување било каква суштинска дискусија и оти дебатите се чиста формалност, а реформите се туркаат на мускули.

„Власта не е храбра и моќна како што се чини, поради фактот што избегнува соочување со барањата кои се легитимни и аргументирани, тогаш ќе настане легитимациска криза, односно ќе се постави прашањето ако не владата, тогаш кој е надлежен да ни ги одговори барањата коишто ни се легитимни и аргументирани. Неприфаќањето на ваквата реформа и со донесувањето на законот, доколку истиот се донесе, граѓаните нема да го прифатат и нема да се откажат.“

Студентскиот пленум реагира дека не биле контактирани да присуствуваат на јавната дебата на Педагошки на која присуствува министерот Абдилаќим Адеми и покрај нивниот легитимитет што го добија на студентскиот марш и бројните изјави на министерот во кои тој кажува дека се чека само конкретен предлог-закон за да се дискутира со студентите. Од тие причини тие ја повика и дел до јавноста да присуствува и се увери колку оваа дебата е вистински јавна.

Треба да бидат поканети сите они што се директно засегнати, затоа што на нив се однесува, тоа е судбина за студентите, така што се работи за нив, се работи за нас, се работи за нашата земја, затоа што образованието е стожерот на нашата земја.
Синоличка Трпкова, универзитетски професор.

И професорката Синоличка Трпкова од Академијата за Драмски уметности одлучи да присуствува на дебатата на Педгошкиот факултет бидејќи смета дека образованието е стожер на една земја, а без студенти да се донесуваат одлуки кои се однесуваат за нив е апсурдно.

„Треба да бидат поканети сите они што се директно засегнати, затоа што на нив се однесува, тоа е судбина за студентите, така што се работи за нив, се работи за нас, се работи за нашата земја, затоа што образованието е стожерот на нашата земја, а без студенти да се донесуваат одлуки тоа е просто апсурдно.“

Откако дел од факултетите почнаа да го отфрлат предлогот за државниот испит категорично,професорката Трпова вели дека последниот масовен протест на студентите го разбира како протест кон црно белиот свет во кој живееме во последните 23 години.

„Нам ни е потреба боја во овој црно-бел свет, ни е потреба боја која метафорички значи демократија. Мислам дека тие први после 23 години ја отворија вратата на демојкратијата.“