Меѓу транспарентите кои студентите ги истакнуваа на вториот марш против реформите во високото образование, често можеа да се забележат пораки од типот: „И спомениците да можеа ќе си заминеа од тука“, „Сакам дома да живеам“ или пак „Менувам индекс за амерички пасош“, укажувајќи на тоа дека голем број млади луѓе поради условите во кои живеат ја напуштија земјата, а многумина размислуваат и чекаат да им се укаже таква шанса.
Дојдов денеска да ги поддржам нашите студенти за да си ги остварат своите права и да ни останат во државава. Дојдов зошто моите деца не се тука, немаа услови и замина во странство, во Европа се. Дојдов барем овие да не ни отидат.Анкетиран граѓанин.
На масовниот протест против државниот испит, освен средношколците, на студентите им се приклучија и повозрасни граѓани, давајќи им ја својата поддршка. Во разговор со неколкумина од нив, тие велат дека најмногу се загрижени поради тоа што младите заминуваат од земјава.
„Дојдов да ги поддржам нашите студенти за да си ги остварат своите права и да ни останат во државава. Дојдов зошто моите деца не се тука, немаа услови и замина во странство, во Европа се. Дојдов барем овие да не ни отидат.“
Жалам што не излегоа повеќе постари да ги поддржат, да не ги остават децата сами да водат војна со оваа неразбрана мафија, туку да излезат и да ги поддржат и да им дадат некоја сатисфакција да останат во оваа земја, бидејќи никаде не може да ги грее сонцето како што овде ќе ги грее.Анкетиран граѓанин.
„Јас исто така сакам да ги поддржам нашите деца. Жалам што не излегоа повеќе постари да ги поддржат, да не ги остават децата сами да водат војна со оваа неразбрана мафија, туку да излезат и да ги поддржат и да им дадат некоја сатисфакција да останат во оваа земја, бидејќи никаде не може да ги грее сонцето како што овде ќе ги грее. И сакаме тука да ни останат, да не ја оставиме земјата на старци и „метузалеми“, на „геријатрија“. Имам внука која вели: сакам да завршам и сакам да бегам од Македонија. А, зошто мојата внука да бега од Македонија?“
„Дојдов тука да ги поддржам децата, бидејќи треба да останат тука и да се борат за своите права“, велат овие родители.
Младите од Македонија се повеќе се одлучуваат на емигрантски живот, а најчестите причини за тоа се подоброто образование, повисоки плати, но и поради неможноста во земјава да ги остварат сите свои права. Патот до странската земја младите најчесто го гледаат преку помош од пријатели, склучување фиктивни бракови или запишување на студии. Според истражувањето на Младинскиот образовен форум, во кое се анкетирани над 3 и пол илјади средношколци, скоро половина од нив не се гледаат во Македонија за десетина години. Службата за статистика на Европската унија, Еуростат, објави дека од 1998 до 2012 година, 230 илјади луѓе официјално се иселите од земјава, а претпоставките се дека бројката е многу поголема, бидејќи има и такви со нерегулиран престој.