Марш против брзи реформи кои раѓаат слепо образование

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Студентски отпор

Студентите и порачаа на Владата - Стоп за лошите реформи. Да ве интересираше квалитетот немаше да им барате партиски книшки при вработување, ќе им баравте дипломи, порача еден студент.

Со зборовите „Ова е само почеток“ заврши денешниот протестен марш против воведувањето на државниот испит на универзитетите.

Мислиме дека мерка од ваков калибар мора сериозно да се обмисли. Ние сме за реформи во образованието, но тие мора да бидат обмислени и студентите мора да бидат вклучени во нив.
Анастасија Петровска, Студентски пленум.

Маршот започна пред пленумот на универзитетот Св. Кирил и Методиј, па продолжи пред Собранието и до Владата. Овој пат маршот на студентите кој беше помасовен од претходниот беше поддржан и од средношколци, родители и повеќе професори во споредба со минатиот пат. Од Студентскиот пленум пред насобраната толпа пред владата порачаа дека го доставиле барањето во архивот на институцијата со нивните аргументи за повлекување на најавената реформа во високото образование.

Анастасија Петровска од Студентскиот пленум вели дека главниот аргумент им е оти предлогот се коси со автономијата на универзитетите.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Изјава - Студентски пленум

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Изјава - Студентски пленум

„Мислиме дека мерка од ваков калибар мора сериозно да се обмисли. Ги повикуваме да не поканат на дискусија за мерките кои би можеле да го подобрат образованието, а не за модалитетите на државниот испит и екстерното тестирање. Ние сме за реформи во образованието, но тие мора да бидат обмислени и студентите мора да бидат вклучени во нив.“

Студентски протест 10.12.2014

Демонстрантите држеа транспаренти испишани со зборовите „Студентот има должност да го заштити факултетот од Владата“, „Стоп за лоши реформи“ и “Студентската сила е независна и автентична“. Тие извикуваа и „Екстерно за владата“, „Доста беше молк“, „Нема правда, нема мир“ и други пароли. Еден од студентите порача дека од 2008 година до денес имало 12 измени и дополнувања на законот за високо образование.

Да ве интересираше квалитетот немаше да им барате партиски книшки при вработување, ќе им баравте дипломи. Ако сте искрени и чесни, ќе ја прифатите нашата волја, ќе застанете со оваа мерка и ќе пристапите кон сериозни реформи во високото образование.
Студент.

„Ние сме згрозени од лошите реформи во високото образование, ние сме полни горчина и со неверување наидуваме на тоа како се извртува секојдневието, но ние сме бунтовни, ние сме решителни, ние поставуваме нови правила. Брзи реформи - слепи студенти раѓаат. Ова е политика на неконзистентност во високото образование, ова се експериментални реформи и последиците од истите ќе нанесат видна штета врз квалитетот на студентите.“

Воедно тој истакна и дека нема да подлегнат на притисоците, туку баш напротив тие ќе ги направат порешителни во борбата за нивните права.

„Ние вака функционираме, колку повеќе заокружувања, толку повеќе аргументи. Колку повеќе аргументи, толку попаметни и поумни. Колку повеќе притисок, толку порешителни. Да ве интересираше квалитетот немаше да им барате партиски книшки при вработување, ќе им баравте дипломи. Ако сте искрени и чесни, ќе ја прифатите нашата волја, ќе застанете со оваа мерка и ќе пристапите кон сериозни реформи во високото образование.“

Демонстрантите на крајот порачаа доколку владата не го прифати нивното барање тие повторно ќе преземат мерки и не ја исклучија можноста од нови протести.