Кумановци вицешампиони по употреба на антибиотици

Граѓаните на Куманово по Пробиштип во земјава се втори на скалилото по прекумерна и неконтролирана употреба на антибиотици, вели статистиката.

Граѓаните на Куманово по Пробиштип во земјава се втори на скалилото по прекумерна и неконтролирана употреба на антибиотици, вели статистиката. Затоа лекарите информираат и апелираат и до нивните колеги, но и до населението, антибиотиците да не се третираат како храна, туку да бидат употребувани за спречување и лекување на болестите на кои тие го имаат своето дејство.

Таква традиција дошла во медитеранските, јужни европски земји дека тие се чудотворни, што е точно, меѓутоа се земаат за се и сешто, дека ја намалуваат температурата, ја лекуваат инфекцијата. Тие воопшто не делуваат на повеќето респираторни инфекции кај што најмногу се трошат.
Доктор Никола Пановски.

Од друга страна, доколку антибиотици се употребуваат кога не треба, го губат своето дејство врз болестите кои се лекуваат со нив, укажуваат лекарите. Нашата земја е во групата земји во која антибиотиците се неправилно користени, поради што за спречување на инфекциите се неопходни поскапи и појаки лекови.

Причината за тоа е според доктор Никола Пановски, професор на Медицинскиот факултет во Скопје, притисок од фармацевтските компании и реклами во минатото, кои сега се забранети или регулирани.

Многу ретко, ама пијам. Одам на лекар. Ми остануваат дома, по еден- два, евентуално ако биде сабота, недела.
Анкетиран граѓанин.

„Таква традиција дошла во медитеранските, јужни европски земји дека тие се чудотворни, што е точно, меѓутоа се земаат за се и сешто, дека ја намалуваат температурата, ја лекуваат инфекцијата. Тие воопшто не делуваат на повеќето респираторни инфекции кај што најмногу се трошат. Не делуваат на настинката, на грипот, тие исто ќе траат и со антибиотиците и без нив, и многу други болести.“

Кампањата „Антибиотиците не се храна“ e за лекарите да не препишуваат антибиотици, но и населението да не инсистира на тоа. Едукацијата се одвива дури и во градинките и училиштата при што се укажува дека антибиотикот не делува на вирус. Според рецепти на Фондот за здравство на илјада, 18 лица земаат антибиотици, а со оние без рецепти и во болниците бројката е безмалку двојно поголема.

Запрашани како и колку ги користат антибиотиците кумановци со различни одговори.

„Многу ретко, ама пијам. Одам на лекар. Ми остануваат дома, по еден- два, евентуално ако биде сабота, недела.“

„Пијам кога треба.“

РСЕ: Лекарот ви ги препишува или сами?

„Кога како.“

„Како ушен болесник пијам, но сепак избегнувам за да не се навикне организмот.“

„Лекарот ми ги препишува.“

РСЕ: Пиете ли антибиотици?

„Да.“

РСЕ Имате ли залиха од антибиотици?

„Обавезно. Знам дека не треба.

РСЕ: Лекарот ви ги препишува?

„Да, а некогаш и не“, велат кумановци од кои од повеќето запрашани малкумина не земаат антибиотици. Оние кои земаат најчесто ја споменуваат настинката.