Бруталноста на оваа група и потенцијалното нејзино ширење во светот се клучните причини зошто Соединетите Држави мора да останат длабоко ангажирани на Блискиот Исток, изјави американскиот државен секретар. Тој додаде дека милитантите веќе сега имаат освоено повеќе територија и ресурси од Ал Каеда и тоа, како што рече, во најдобрите денови на таа терористичка организација.
Бруталноста на оваа група и потенцијалното нејзино ширење во светот се клучните причини зошто Соединетите држави мора да останат длабоко ангажирани на Блискиот Исток.Џон Кери, државен секретар на САД.
Кери зборуваше во Вашингтон, откако Белата куќа ја потврди смртта на американскиот хуманитарен работник Питер Кесиг.
Претходно, милитантите на Исламската држава објавија видео на кое било прикажано обезглавувањето на Кесинг. На снимката џихадистите предупредија дека ќе почнеле да убиваат американски граѓани и во Соединетите Држави.
Кери изјави дека ваквите злосторства треба да бидат најостро осудени.
Поради зголемиот број на американски граѓани во заложништво на терористички групи, претседателот Обама им нареди на надлежните агенции, вклучувајќи го и Федералното истражно биро, да извршат сеопфатен преглед за тоа како можеме најдобро да одговориме на ваквиот проблем.Елистер Бески, портпарол на американскиот Национален совет за безбедност.
„Лидерите на Исламската држава претпоставија дека светот ќе биде премногу заплашен за да им се спротивстави. Па, да бидам јасен, ние не сме заплашени. Нашите пријатели и партнери не се заплашени. Милитантите на Исламската држава многу, многу грешат“, рече Кери.
Видеото со обезглавувањето на Кесиг, петто вакво убиство на западни заложници од страна на милитантите, беше дел од 15-минутната снимка постирана на интернет на која е прикажано и обезглавување на најмалку 14 луѓе за кои се наведува дека биле пилоти и офицери, лојални на сирискиот претседател Башар ал Асад.
26-годишниот Кесиг од Индијана, бил познат и како Абдул Рахман откако по заробувањето ја сменил верата.
Неговото семејство соопшти дека тој бил заробен од екстремистите во октомври минатата година во источна Сирија.
Зачестените вакви случаи, како што соопшти Белата куќа, било причина поради која американскиот претседател Барак Обама наредил целосно преиспитување на напорите на американската влада во ослободувањето Американци кои во странство се наоѓаат во рацете на милитантни организации.
„Поради зголемиот број на американски граѓани во заложништво на терористички групи, претседателот Обама им нареди на надлежните агенции, вклучувајќи го и Федералното истражно биро, да извршат сеопфатен преглед за тоа како можеме најдобро да одговориме на ваквиот проблем“, соопшти портпаролот на Националниот совет за безбедност Елистер Бески.
Во соопштението се додава дека американската администрација не може да ги соопшти сите чекори што биле преземени за ослободување на американските заложници, но оти таквите активности кои вклучуваат воени разузнавачки и дипломатски потези, биле секојдневни.