Достапни линкови

„Невидливата смрт“ на Багдади и крајот на ИД?


Дали ИД може да ја преживее смртта на нејзинот лидер?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:56 0:00

Дали ИД може да ја преживее смртта на нејзинот лидер?

Информациите за ранувањето на лидерот на милитантите на Исламската држава ал Багдади, без оглед дали се вистинити или не, го отвори прашањето што тоа ќе значи за оваа терористичка организација.

На 9 ноември се појавија информации дека лидерот на милитантната група Исламска држава, самопрогласениот калиф Абу Бакр ал Багдади бил тешко ранет во американски воздушен напад во ирачкиот град Мосул.

Ирачките министерства за одбрана и за внатрешни работи соопштија дека, од извори во редовите на милитантите, дознале за ранувањето на Багдади. Стејт департментот засега без потврда на веста.

„Сојузнички авиони изведоа серија напади на 7 ноември во Ирак врз најверојатно собир на лидери на Исламската држава во близина на Мосул при што беа уништени оклопни возила. Не можеме да потврдиме дали лидерот на милитантите Багдади бил таму.“

изјави портпаролот на Стејт департментот Џен Псаки.

Евентуалното ранување па и загинување на Багдади, според аналитичарите, би бил силен поттик за антиисламистичката коалиција и голем психолошки удар за милитантите.

Сојузнички авиони изведоа серија напади на 7 ноември во Ирак врз најверојатно собир на лидери на Исламската држава во близина на Мосул при што беа уништени оклопни возила. Не можеме да потврдиме дали лидерот на милитантите Багдади бил таму.

Најпрвин тоа ним ќе им покаже дека Соединетите држави и Ирак, кои издадоа потерница со награда од 10 милиони долари за главата на Багдади, имаат разузнавачки можности да лоцираат и прецизно да погодат цели на џихадистите во Сирија и Ирак.

Симболично, ранувањето или смртта на Багдади ќе биде удар за претставата што сами за себе ја имаат милитаните на Исламската држава како калифат на чие чело може да биде единствено самопрогласениот калиф Багдади.

За сојузниците неговата смрт ќе биде голем успех, но дали тоа ќе биде и пресвртница во војната против џихадистите и ќе им гарантира победа?

и ваквата „невидлива смрт на калифот„ е доволна за да го уништи моралот на илјадниците вооружени милитанти и можно ли е тоа да предизвика нов бран на странски борци во Сирија и Ирак?

Според поранешниот припадник на ЦИА Аки Перец, смртта на Багдади освен што ќе биде нагласувана во претседателските говори нема да придонесе и за умирање на, како што вели, одвратната идеологија на оваа група.

Така, и по евентуалното отстранување на Багдади, Соединетите држави и сојузниците и натаму ќе мораат да ги продолжат нивните напори против милитантите на Исламската држава и нивното финансирање.

Неговата смрт, како што се додава, нема да има големо влијание врз фатот што џихадистите, со мрежа на моќни локални емири и воени команданти контролираат големи територии од Сирија и Ирак.

Аналитичарите се согласуваат дека Багдади може да биде заменет, дури и со некој што би бил многу полош од него. Тоа пак, како што додаваат, ќе биде и можност за реорганизирање на раководството на милитантите.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG