Достапни линкови

Писмо на Обама до Техеран за милитантите на ИД


Тајно писмо на Обама до Хаменеи
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:42 0:00

Тајно писмо на Обама до Хаменеи

Американскиот претседател Барак Обама, како што пишува весникот „Вол стрит џурнал“, тајно му пишал на иранскиот врховен верски лидер Ајатолах Али Хаменеи во врска со справувањето со милитаните на исламската држава во Ирак и Сирија. Писмото, според весникот, било испартено минатиот месец.

„Вол стрит џурнал“ наведува дека претседателот Барак Обама во писмото напишал дека секоја соработка била поврзана со договор за иранската нуклаерна програма чиј краен рок за постигнување истекува на 24 ноември.

Соединетите Држави се ангажирани во разговорите со Иран во контекст на меѓународната загриженост за иранската нуклеарна програма. На маргините на овие разговори неколку пати станало збор и за сегашната кампања против милитантите на исламската држава во која се вклучени 60 земји.
Џош Ернст, портпарол на Белата куќа.

Обама најмалку четири пати му има испратено писмо на Хаменеи.

Портпаролот на Белата куќа, Џош Ернст, одби да го коментира пишувањето на „Вол стрит џурнал“, наведувајќи дека американската политика спрема Иран останува непроменета.

Тој додаде дека американските сили нема воено да соработуваат или да разменуваат разузнавачки податоци со Иран во борбата против милитантите на Исламската држава.

Слушајте, јас не им верувам на Иранците. Јас не мислам дека е неопходно да ги вклучиме во ова и се надевам дека сегашните преговори за иранската нуклеарна програма се сериозни. Но, се сомневам.
Џон Бонер, претседавачот на Претставничкиот дом на американскиот конгрес.

Како и да е, тој изјави дека продолжуваат разговорите во рамките на преговрите околу иранската нуклеарна програма.

„Соединетите Држави се ангажирани во разговорите со Иран во контекст на меѓународната загриженост за иранската нуклеарна програма. На маргините на овие разговори неколку пати станало збор и за сегашната кампања против милитантите на исламската држава во која се вклучени 60 земји“, изјави портпаролот на Белата куќа Џош Ернст.

Претседавачот на Претставничкиот дом на американскиот конгрес, Џон Бонер, републиканец од Охајо, како одговор на пишувањето на „Вол стрит џурнал“ изјави дека тој не е за тоа Соединетите Држави да го вклучат Иран во борбата против милитантите.

„Слушајте, јас не им верувам на Иранците. Јас не мислам дека е неопходно да ги вклучиме во ова и се надевам дека сегашните преговори за иранската нуклеарна програма се сериозни. Но, се сомневам“, изјави Бонер.

Претседателот Обама на 7 ноември треба да се сретне со конгресните лидери на републиканците и демократите на разговори за нов мандат од Конгресот за воена акција против милитантите на Исламската држава во Сирија и Ирак.

Овие разговори следуваат откако на изборите на 4 ноември републиканците ја презедоа целосната контрола врз двата дома на Конгресот.

Обама изјави дека тој би соработувал со сегашниот Конгрес во заминување во врска со зголемување на воените овластувања на неговата администрација пред новиот состав на Конгресот да ја запоне работата во јануари идната година.

И Соединетите Држави и Иран се против сунитската милитантна организација Исламска држава.

Сепак, Техеран ја критикуваше меѓународната коалиција предводена од Вашингтон за изведување воздушни напади врз милитаните во Сирија и Ирак. Иран исто така демантира дека испраќал борбени единици во Ирак да се борат против милитантите.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG