Студентски активизам на дело

Студентите на маршот во Скопје извикуваа „Не за екстерно“ и носеа транспаренти испишани со зборовите „Активирај се, реализирај се, студентизирај се“.

Студенти денеска одржаа масовен марш по повод меѓународниот ден на студентите и под мотото „Заедно против екстерното тестирање на факултетите“. Маршот започна пред платото на Универзитетот Кирил и Методиј, а продолжи до просторииите на студентскиот парламент, па до владата и до Министерството за образование. Студентите извикуваа „Не за екстерно“ и носеа транспаренти испишани со зборовите „Активирај се реализирај се студентизирај се“ и „Екстерното е титаник на високото образование“.

Еден од студентите пред насобраната толпа порача дека има многу причини за кои се обединиле, но сите се сведуваат на една, односно потребата од студентски активизам и од нивно вклучување. Тие освен одбележување на денот на студентите, се обединија и против екстерното, за кое велат, дека имаат четири аргументи против неговото спроведување.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Студентите маршираа против екстерното

Ако тестирањето се спроведе, а ние се собравме да се спротивставиме на неговото воведување, се ограничува правото на образование, кое е уставно загарантирано, се врши упадот во автономијата на Универзитетот која е исто така уставно загаранирано начело
Изјава на студент.

„Ако тестирањето се спроведе, а ние се собравме да се спротивставиме на неговото воведување, се ограничува правото на образование, кое е уставно загарантирано, се врши упадот во автономијата на Универзитетот која е исто така уставно загаранирано начело, се коси со постојниот Болоњски модел на евалуација и не ги зема в предвид постојните модел на интерна и екстерна евалуација.“

Воедно студентот кој не сакаше да го каже своето име и напомена дека доволен е неговиот индекс за да се обрати на толпата, изрази надеж дека ова не е крајот на студентскиот активизам.

„Активно да се вклучите во понатамошните пленарни собири на студентите за да покажеме дека постои еден друг начин да се организираме и да ги правиме своите права.“

Неколку пати студентите повторија дека доколку некој од учесниците на протестите истакне партиски симболи и направи некоја штета, истите да бидат санкционирани.