Достапни линкови

Од „не“ за екстерно до „да“ за студентско самоорганизирање


Марија Грубор, студентски активист.
Марија Грубор, студентски активист.

Сосема во согласност со начинот на кој вообичаено (не) се решаваат проблемите во нашата земја никна и последнава генијална идеја за екстерно тестирање на студентите, која, според министерот за образование и наука, би требало да овозможи „диплома да добијат само оние кои вистински ја заслужуваат“, пишува студентската активистка Марија Грубор во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Во ред, невозможно е да ги задоволиш сите. Секогаш ќе има ликови на кои ништо не им чини, оти, како и да е, ги мрзи да дишат. И најмалку напор бара само наивно да се помисли дека незадоволните со одлуката да се спроведува екстерно тестирање за студентите се оние кои во принцип не сакаат да учат.

Сосема во согласност со начинот на кој вообичаено (не) се решаваат проблемите во нашата земја никна и последнава генијална идеја за екстерно тестирање на студентите, која, според министерот за образование и наука, би требало да овозможи „диплома да добијат само оние кои вистински ја заслужуваат“.

Меѓутоа, вистината во оваа ситуација е дека сите сме молчеливи сведоци на долготрајното преусмерување на образованието во добар бизнис, во кои парите на студентите честопати испаруваат во непознат правец, заедно со губењето на автономијата на универзитетите и носењето одлуки во склад со политичкиот интерес, корупцијата, на врат - на нос имплементираниот ЕКТС систем, фригидната факултетска бирократија, вработувањата кои се должат на сѐ освен квалификуваноста на кандидатите за развој на науката. И јасно ни е дека откако се решија сите овие проблеми, од немањето саглам тавани во амфитеатрите до професорите кои фигурираат само на списокот за плата, остана само уште да се регулира квалитетот на сработеното од страна на студентите преку екстерни тестирања.

Сосема во согласност со начинот на кој вообичаено (не) се решаваат проблемите во нашата земја никна и последнава генијална идеја за екстерно тестирање на студентите, која, според министерот за образование и наука, би требало да овозможи „диплома да добијат само оние кои вистински ја заслужуваат“. За студентите, кои се апла најзасегнати во случајот, маскирањето на оваа одлука во спасоносно решение за сѐ посомнителниот квалитет на образованието е навредливо провидна измислица.

Притоа, многу интересно прашање е зошто до пред скоро, никој не изјавуваше особена загриженост дали дипломите се добиваат според заслуга? Напротив, та до скоро баш се гордеевме со ненормалниот процент на студенти, како да е тоа некаква инстант-потврда во колку образована и напредна држава живееме. Досега, добра идеја беше да прават пари од студентите, семестар по семестар, година по година, со постојано проширување на приватната квота, зголемување на кадрите и кај што треба и кај што не треба, и деградирајќи го квалитетот на образованието.

Можеби и не е толку вознемирувачка самата идеја за таквото тестирање, баш така сама по себе. Можеби станува вознемирувачка кога ќе се согледа контекстот во кој е поставена. Тоа е контекст кој вообичаено на студентите едногласно им вели „кој ве врти“ по сите прописи и прашања, за одеднаш еруптивно да пројави интерес, налик секоја друга шминка за пред гости, за само една димензија на квалитетот на нивните студии.

Нашата улога на студенти во ова општество со себе ја носи одговорноста со свој ум да се загрижиме за темите кои директно не засегаат. Без оглед кои сме и од каква идеологија се водиме, имаме заеднички именител кој ни дава право и одговорност да влијаеме на креирањето на образовната политика.

Тогаш, кој може на студентите да им го одземе правото да го наречат божемен, лицемерен и од побуди кои во ниеден случај не се поврзани со нивните интереси?

Ако веќе образованието е бизнис, а ние студентите сме лојалните клиенти, зошто некој од одговорните не размислува малку за тоа како да провери дали ние го добиваме она што веќе ни е преплатено, наместо да ни става уште една бесполезна сопка која нема да помогне да добиеме подобро образование?

Притоа, подобро да не отпочнуваме дискусија околу оправданоста да се поврзе уште една форма на сувопарно тестирање со умешност и стекнато знаење. Ако планираме квалитетот на образованието да го мериме со тестови, можеме да си честитаме на успешно дозатворен круг во кој уште долго ќе си ја бркаме опашката.

И, ако освоените бодови на тест на студентите се чистиот одраз на квалитетот на образованието, во што категорија ли спаѓаат квалитетот на наставниот кадар, квалитетот на наставните програми, раководството, квалитетот на материјалите, квалитетот на научните трудови, квалитетот на лабораториите и институтите, квалитетот на оствареното, воопшто?

Ама, ако веќе сите квалитети на образованието пропаѓаат, редно време е да се подигне квалитетот на студентското автономно самоорганизирање. Нашата улога на студенти во ова општество со себе ја носи одговорноста со свој ум да се загрижиме за темите кои директно не засегаат. Без оглед кои сме и од каква идеологија се водиме, имаме заеднички именител кој ни дава право и одговорност да влијаеме на креирањето на образовната политика. Со други зборови, кога креаторите на истата делуваат слепи за она што нам навистина ни е потребно, и она што ни е беспотребен товар, многу културно би било тоа јасно да им го покажеме.

XS
SM
MD
LG