Околу 120 ученици од селото Саждево, општина Долнени учат во крајно тешки услови. Подрачното селско училиште „Никола Карев“ кое што е во ингеренции на Општина Крушево е лоша состојба. Стаклата на прозорците се скршени, дограмата во училниците е стара, подовите се руинирани, плочките искршени, паѓа фасадата на ѕидови, а нема хигиена во тоалетите што се наоѓаат надвор од објектот.
Услови нема многу, дрва нема, прозорци има искршени, нечистотија...Што недостига? Недостига сè.Сејнур Изеироска, наставничка во „Никола Карев“, село Саждево.
„Услови нема многу, дрва нема, прозорци има искршени, нечистотија...Што недостига? Недостига сè“, вели Сејнур Изеироска, наставничка по музичко воспитување и етика во ова основно училиште.
Родители се незадоволни, бидејќи и покрај реакциите до надлежните со години, состојбата во училиштето велат останува непроменета. Од почеток на зимата имало денови кога учениците од дома во своите ранци носеле дрва за огрев.
Ние повеќе пати сме реагирале во Крушево, меѓутоа никој од страна на властите не нема посетено никогаш, само кога ќе бидат избори.Рахман Јаоски, жител на селото Саждево.
„Креди нема, а не нешто друго. Фекалиите минуваат низ дворот, првин децата газат фекалија, потоа влегуваат во училиште. Јас не знам дали сме во Тунгузија или сме граѓани на Македонија“, вели Сулејман Ахмеди од Саждево.
„Ние повеќе пати сме реагирале во Крушево, меѓутоа никој од страна на властите не нема посетено никогаш, само кога ќе бидат избори“, вели Рахман Јаоски, исто така жител на селото Саждево.
Директорката на централното училиште „Никола Карев“ во Крушево, Сузана Божиноска вели секојдневно е во контакт со вработените. Тврди дека учениците не биле оставени никогаш без огрев и дека се преземаат сите мерки во рамки на можностите да се подобри состојбата во училиштето. Градоначалникот на Крушево, Ѓорѓи Дамчески најавува негова целосна реконструкција следната година.
А, родителите на средношколците од истото село реагираат и затоа што нивните деца кои учат во соседното село Житоше, во училиштето „Дрита“ коешто припаѓа на Општина Кичево пак, принудени се од свој џеб да го плаќаат превозот. Општината им должи на превозниците, а тие во знак на револт поради неисплатени долгови, без пари веќе не вршат транспорт.
„Плаќаме придонес од својот џеб за учениците. Ако е за цела Македонија така, нема биде и за нас“.
„Месец дена децата не одеа на училиште.“
„Ако децата одат, учителите не дошле, важно некаков проблем има. Дрво нема ни таму, ни таму и не знаеме кој правец да го фатиме“, реагираат родителите.
Градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари тврди ќе бара решение за проблемот.
„Ќе видиме, ќе се договориме со Министерство за образование и со градоначалникот на Општина Долнени“, вели Дехари.