Зимата е на прагот, а околу илјада ученици од Кичево, а претходно и дел од учениците од Струга, останаа дома поради незатоплените училници. Проблемот со греењето се провлекува со години, а локалната и централната власт меѓусебно си ја префрлат одговорноста.
Експертите меѓутоа овој пат критикуваат дека дополнителен проблем е што во некои училишта има енормен број нови вработувања, истакнувајќи дека парите од државниот буџет се користат за плати на ново вработените.
Пари можеби има доволно, доколку правилно бидат распоредени, затоа што од 2006 година наваму, во ситуација кога драстично се намалува бројот на учениците, бројот на наставници е зголемен за 1.500, значи колку пари наместо да одат за загревање, одат за плати на наставници кои се непотребно вработени.Аце Коцевски, поранешен градоначалник на Велес.
„Пари можеби има доволно, доколку правилно бидат распоредени, затоа што од 2006 година наваму, во ситуација кога драстично се намалува бројот на учениците, бројот на наставници е зголемен за 1.500, значи колку пари наместо да одат за загревање, одат за плати на наставници кои се непотребно вработени“, коментира поранешниот градоначалник на Велес, Аце Коцевски.
Од општините велат дека уште на почетокот на годината од Министерството за образование и од Владата побарале одговор за решавање на проблемот.
Од МОН кажуваат дека тие ги подмириле обврските на општините и префрлиле блок дотации со кои треба да се платат трошоците за училиштата меѓу кои и нафта за греење. Општината Кичево, пак, бара да им се помогне од стоковите резерви, но се јавува дилема дека и други градови ќе почнат да го следат овој пример.
Ако веќе со формулата дотации се префрлаат средства, тие средства треба да бидат доволни за сите училишта. Мислам дека треба да се вршат контроли, да се види каде исчезнале парите и така ќе се најде решение.Сулејман Рушити, поранешен министер за образование.
Поранешниот министер за образование Сулејман Рушити со став дека и владата треба да ги троши парите од буџетот наменски, потенцирајќи дека кога има пари за компјутер за секое дете чудно е како нема пари за греење.
„Ако веќе со формулата дотации се префрлаат средства, тие средства треба да бидат доволни за сите училишта. Мислам дека треба да се вршат контроли, да се види каде исчезнале парите и така ќе се најде решение“, вели Рушити.
Некои општини имаат застарени долгови и затоа бараат помош од владата. Кичево. каде градоначалникот е од редовите на ДУИ. има околу 100 милиони денари долгови и неколку училишта во градот се со блокирани сметки. Коцевски вели дека тоа е втората страна на проблемот и го отвора прашањето дали поранешната локална власт не ја спровела фискалната децентрализација како што треба.
„Друг проблем е фактот што имаме нерационална училишна мрежа поради исполитизираноста на општеството и поради честите избори, градоначалниците и советите не се мотивирани да укинуваат училишта и да ја рационализираат училишната мрежа“, вели Коцевски.
Фактот дека проблемите се прекршуваат врз учениците покажува и дека најголем интерес и на локалната и на централната власт е нивниот политички опстанок, дополнуваат експертите.
Проблемот со греењето на училиштата во Кичево трае веќе втора недела. Во меѓувреме кичевските училишта се соочуваат и со други проблеми и немаат пари за превоз на учениците.